Кафе муабет
ЌЕ ВИ ГО СТОПИ СРЦЕТО: Владиката кој го нарекуваат жив светец одгледал 400 деца-некои од нив се родени со вирусот ХИВ, се грижи за сите подеднакво а тие му враќаат со многу љубов!
Оние кои имале можност да се сретнат со него велат дека тој е жив светец, а како причина зошто им помага, тој истакнал дека љубовта и посветеноста кон децата му е најважна...
Епископот Лонгин Черновички, игумен на манастирот во Банченски (Украина), буквално го опишуваат како Божји човек и жив светец, во секоја смисла на зборот!
Имено тој внесе надеж кај луѓето дека се уште постои некој со добро срце кој помага со сета своја љубов. Во овие денови кога сме опкружени со прилично лоши вести поврзани со пандемијата од коронавирусот, оваа вест сигурно ќе ви го разубави денот и при тоа ќе ви го растопи срцето.
Черновички ги посвојува сите деца отфрлени од нивните родители уште од 90-тите години на минатиот век. Имено, веќе неколку децении, владиката се грижи за оние на кои им е најпотребна помош, напуштени деца, од кои некои се родени дури и со вирусот ХИВ.
За епископот Лонгин од Черновци, игумен на манастирот на Светото вознесение во Банческу, може да се каже дека е една од ретките светли точки во мрачниот живот на повеќе од 400 деца кои се или поминале низ сиропиталиштето.
Оние кои имале можност да се сретнат со него велат дека тој е жив светец, а како причина зошто им помага, тој истакнал дека љубовта и посветеноста кон децата му е најважна.
Бидејќи многумина од нив поради различни околности мораа да ги имаат имињата на своите родители во документите, тој лично посвои двесте педесет и три деца, и сите го нарекуваат „тато“, и оние кои завршија училиште и факултет и основаа свои семејства сè уште се враќаат во манастирот да му помогнат во грижата за новите браќа и сестри.
Како што се наведува, најголем број од оние деца се родени со попреченост, развојни нарушувања, но за жал и со вирусот ХИВ.
Многу ме боли за нив, бидејќи и самиот минав низ истото и успеав да го преживеам тоа. Јас знам како е да се биде дете без родители, многу е тешко и боли кога си сам на овој свет и немаш никој.Кога сакаш да јадеш а немаш што да јадеш. Кога сакаш да се облечеш, но немаш што, го преживеав сето тоа и се прашував, зошто е Боже вака? Зошто се сите среќни само јас не, сега го имам одговорот: Да не сум живеел така, никогаш немаше да знам низ што минуваат овие деца, затоа никогаш не треба да се прашуваме зошто, бидејќи Бог знае зошто ни одредува таков живот каков што имаме, вели владиката….
Благодарение на него, голем број деца беа отстранети од улицата и однесени на вистинскиот пат, поради што сите го сметаат за свој татко.
За него и другите благородни монаси беше направен документарец, кој покажува како и со колку љубов се грижат за малите кои го најдоа своето семејство и дом под нивниот покрив.