Кафе муабет
ЌЕ ВЕ ОБЈАВАМ СИТЕ, ЌЕ ВИ БИДЕ СРАМ ПО ЛЕБ ВО ПРОДАВНИЦА ДА ОТИДЕТЕ – Миа Костова им се обрати на хејтерите!
Инфлуенсерката остро кон оние со навредливи коментари...
Смртта на младата македонска инфлуенсерка Маја Миа од Охрид која години наназад живееше во Африка ја потресе цела македонска јавност.
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј
Маја беше светски позната шминкерка со милиони следбеници на социјалните мрежи, а беше во врска со познатиот музичар Оми Димпоз.
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј
Нејзиното момче преку Инстаграм се прости од неа, а веста први ја објавија медиумите во Јужна Африка каде што Маја живееше и работеше веќе со години.
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј
По низата недолични коментари за смртта на девојката, шпекулациите и навредите кои се чини како да не престануваат се огласија дел од јавните личности кај нас.
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј
Па така, познатата водителка Лила Филиповска, видно вознемирена на Фејсбук напиша:
-Не знам, веројатно по дома вашите жени и ќерки се светици, зошто очигледно по вашите коментари сите останати се неморални и лесни жени! Не дај боже да е убава и успешна, е тогаш почнува вистински натпревар, кој поОдвратен и позлобен коментар ќе остави! Па уште си се дополнувате ( леле баш така во право си брат…леле што убаво и пиша), мизерии едни мизерни!!! Па добро, вие имате ли барем малку мозок, емпатија… некакво чувство?! Имате ли сeмејства, роднини,колеги, комшии од кои треба барем малку да ви е срам?! Имате ли? Па која е таа состојба на умот да седнете и да пишувате одвратни коментари за некој кој за жал веќе не е меѓу живите, а притоа е млада жена, а освен името ништо друго не знаете за неа! Па она има и родители, семејство кое е во неверојатен шок, преживува трагедија…. Изгубиле дете! Срам да ви е! А одите во црква, се крстите, се молите на бога, слави славите, наредени икони и светци низ куќа…. Безбожници едни !!! Ама да си знаете истиот тој бог ќе ви суди , секому според заслуга!
Оставете девојката да почива во мир и сочувство до нејзиното семејство за оваа голема и ненадоместлива загуба…, напиша Лила на својот Фејсбук профил.
По Лила остро реагираше и познатата инфлуенсерка и поранешна водителка Миа Костова.
Фото:Инстаграм/Миа Костова
Костова која важи за човек без влакна на јазикот во својата објава на Фејсбук напиша:
Фото:Инстаграм/Миа Костова
Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.
Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница. Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате! Задоени со зло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате?
Фото:Инстаграм/Миа Костова
Инаку, младата девојка неодамна беше во центарот на вниманието во нашата јавност откако заеднички фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешниработи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј
Фото:Инстаграм/Маја Миа Ј