Кафе муабет

Ќерка ми Меги се заигра со шминката па ме направи помлада за 45 минути – погледнете како денес изгледа Маријана од дуото ,,МАРИЈАНА И РОСАНА’’

За неа како да запрело времето...

Пред околу 30-тина години сестрите од дуото ,,МАРИЈАНА И РОСАНА’’ беа ѕвезди на македонската естрадна сцена. Нивните безвременски хитови како ,,Признавам’’, потоа и народните песни како „Едно срце имам душо’’ и ,,Свири ми брате цигане’’ оставија голем белег во македонската музика и се пеат до ден денес.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

 

Сестрите Маријана и Росана веќе со години не се дел музичката сцена. Росана со сопругот Горан Тодоровски – Трупче, познатиот актер ја има ќерката Ивана.

Фото/Принтскрин

Додека пак, Маријана беше мажена за композиторот Тоде Новачевски, па по неколку години се разведе, па се пресели во Австралија и денес има две деца.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

Музиката ја замени со стоматологијата и денес  работи како забен техничар.

Маријана иако професионално се откажа од музиката честопати знае и да запее нешто и да објави на нејзините социјални мрежи.

Таа често објавува и фотографии од нејзиното семејство, од децата, синот и снаата.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

На последната фотографија која ја сподели пејачката изгледа подмладено, освежено и како времето да запрело за неа.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

,,Мамино сонце Меги си играше со шминката па ја направи мама барем 45 минути помлада’’ напиша таа под нејзината фотографија.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во Мелбурн, Австралија по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“. Новачевски ја пееше насловната песна „Урде чавен“ на ТВ-серијата „Трст виа Скопје“.

Новачевски е роден во Битола, а повеќе децении живееше во Мелбурн. Од бракот со Маријана имаа две деца.

Фото:Фејсбук/Маријана Новачевска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close