Кафе муабет
Ќерката на Топалко е бремена?! Овој детал ја издаде, поради оваа фотографија сите зборуваат за неа…
Градите и се отечени...
Хелена Топаловиќ ги изненади сите со најновата објава на нејзиниот Инстаграм профил.
Имено, Хелена позираше во црн фустан, бујните гради дојдоа до израз, а истите тие гради предизвикаа бројни контроверзни прашања бидејќи веднаш почнаа шпекулациите дали старлетата е бремена.
-Дали си бремена – беше еден од коментарите а многумина се запрашаа истото, со оглед на тоа што нејзините гради на фотографијата беа навистина отечени.
Да потсетиме, Хелена долго време ја криеше врската со поранешниот сопруг на водителката, со оглед на тоа дека тој се разведе во тој период, а потоа признаа дека се заедно и дека одлично се сложуваат.
Следуваше свадба скриена од очите на јавноста, а по фотографиите кои го кријат неговото лице, Хелена неодамна објави една на која среќно се гушкаат без емотикони на неговото лице и така за прв пат јавно го покажа својот сопруг.
Атрактивната бринета на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и видеа на кои често го покажува својот луксуз и се фали со скапи подароци од својот сакан.
Неодамна таа објави фотографија од својата нова лична карта за да стави до знаење дека конечно го сменила презимето.
Хелена веќе не е Топаловиќ, сега е госпоѓа Алексиќ!
Ќерката на познатиот пејач на Инстаграм редовно покажува детали од својот живот и колку е среќна и заљубена.
Но она што многумина го забележаа преку нејзините фотографии е неверојатниот луксуз во кој живее овој пар.
Сите простории се максимално дотерани, а просториите се исполнети со многу слики и најразлични цвеќиња.
Колку добро и оди на ќерката на Топалко зборува и тоа што од неодамна влезе во бизнис со недвижнини, а апартманите сама ги рекламира.
Како што може да се прочита во медиумите, наводно во прашање е бизнис „стан на еден ден“, што го започна со својот сопруг.
Инаку, за нивната свадба се пишуваше со денови, посебно за венчаницата во која Хелена го изговори своето судбоносно „да“.
Во прашање беше преубава тоалета со длабоко деколте и големи „паф“ ракави со вел долг до самиот под.
Хелена наводно фустанот ги изнајмила од познат салон и за ова задоволство издвоила 500 евра.
Тогаш се шпекулираше и дека Хелена е во блажена состојба, но таа самата ги демантираше овие гласини.
„Се омажив на празен стомак. Не грижете се, душегрижници“, порача тогаш Топаловиќ.
Инаку, нејзиниот сопруг пред Хелена беше во брак со познатата српска водителка Јелена Димитријевиќ.