Кафе муабет

Ќерката на кралицата, принцезата Ана, сама го носеше својот багаж на аеродромот во САД

Прва посета на член на кралското семејство на САД, по скандалозното интервју на Меган и Хари

Принцезата Ана забележана на ЏФК како го носи сопствениот багаж

Принцезата Ана се појави на аеродромот ЏФК во Њу Јорк за да фати комерцијален лет по тивката посета на градот оваа недела.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

72 годишната принцеза беше видена како ги носи своите две лични торби додека шеташе низ аеродромот денес, откако заврши нејзината посета  на градот Њу Јорк.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Ќерката на кралицата изврши четири импресивни кралски ангажмани на својата турнеја во Њу Јорк Сити вчера и таа всушност е првиот висок кралски службеник кој ги посети САД откако принцот Хари и Меган Маркл се преселија во Калифорнија во 2020 година.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Нејзиното патување во САД е прво патување кое е направено од постар член на кралското семејство, откако Хари и Меган го напуштија семејството и својата служба како членови на кралското семејство и се преселија во Санта Барбара, Калифорнија, кратко пред почетокот на пандемијата.

На аеродромот принцезата беше видена облечена во црна комбинација на едноставни црни панталони и црно палто, а веројатно поради студеното време во Њу Јорк носеше црна поло ролка.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Оваа комбинација беше освежена со црно-бела марама која ја носеше околу вратот, како и прекрасен пар на бисерни обетки.

Принцезата Ана докажа зошто во кралското семејство ја нарекуваат дека е највредна. Изненадувачки се појави на градот на источниот брег за да посети неколку различни локации и да додели неколку награди.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Во моментот на пристигнувањето на принцезата на ЏФК во вторникот, таа била пречекана од Генералниот Конзул за Њу Јорк, госпоѓа Ема Вејд Смит, и подоцна истиот ден Ана беше почесен гостин на гала вечерата на Унијата за англиски јазик во клубот Космополитен.

Пред да присуствува на оваа вечера, принцезата, која е почесен претседавач на Кампањата за осветлување на идните генерации, патуваше со траект на Стејтен Ајленд за да го посети Националиот музеј на светилникот.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Кралската принцеза потоа присуствуваше во резиденцијата на Генералниот Конзул за Њу Јорк за да ги подели почестите, пред да се упати на гала вечерата, која беше одржана од страна на Американската фондација Гордонстоун во клубот за рекет и тенис на Парк авенија, на која беше во улога на покровител на кампањата за Гордонстоун.

Ова е прва посета на член на кралското семејство откако Војводата и Војводката од Сасекс го имаа своето скандалозно интервју во шоуто на Опра Винфри, во март 2021 година каде наведоа дека има постар член во кралското семејство кој е расист, кој не сакаат да го именуваат.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Војводката од Сасекс во интервјуто објасни дека кога била бремена со својот син Арчи, имало дискусии од страна на постар член на семејството кој пројавил загриженост дека детето кое ќе се роди можеби ќе има темна боја на кожата.

Објасни дека не се работи ниту за кралицата, ниту за Војводата од Единбург.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Кралските обожаватели беа загрижени по ова интервју, дека можеби принцезата Ана ќе доживее ладен прием во САД, но беа пријатно изненадени кога принцезата беше топло пречекана од Њујоркчани.

Додека Хари и Меган уживаат голема популарност и успех во САД, кралските обожаватели се сомневаа дека постарите членови на кралското семејството нема да поминат добро при нивните посети во САД.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК

Принцезата Ана им стави крај на сите овие сомнежи.

ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана за време на посета на делови од Њу Јорк
ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана на аеродромот ЏФК
ФОТО: Принтскрин/Принцезата Ана прво појавување по погребот на кралоцата во морнаричка база во Портсмаут
ФОТО: Принтскрин/Меган и Хари во интервјуто на Опра

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close