Кафе муабет
Ќерката на Карлеуша донесе шокантка одлука – пејачката не може ништо да промени!
Атина оди по стапките на мама...
Постарата ќерка на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ е многу популарна на социјалните мрежи, но се знае која е „мајката“.
Поп дивата Јелена Карлеуша во ќерка си Атина не гледа конкуренција, згора на тоа, ако еден ден ја надмине вели, тоа би ја направило многу горда.
-Тоа не може да ме плаши, може да ме направи само горда мајка – рече Јелена и откри еден неочекуван потег што неодамна го направила нејзината ќерка:
– Атина е мојот мал клон, но таа е многу срамежлива. Дури и ги избриша сите слики од Инстаграм, во таа фаза е. На прашањето дали би ја поддржала својата ќерка доколку сака да стане јавна личност на 15 години, Јелена Карлеуша спремно одговорила:
– Атина нема афинитет, ниту вроден талент за да биде пејачка. Не е некој што покажува склоност кон тоа. Но, таа е многу убава, згодна и висока. Зошто да не биде јавна личност во некоја друга форма – модел, ТВ лице… Но не сега, рано е. Мора да има најмалку 18 години за да прави што сака. Нема да кажам дека сум строга, но нема ни да попуштам.
Имено постарата наследничка на Карлеуша која сега има 12 години, привлекува големо внимание, а со секоја нова објава, оваа девојка предизвикува бура од коментари а воедно е заштитно лице на детски моден бренд.
Инаку, во моментов Атина ја следат 128.000 луѓе на Инстаграм, и 105.500 илјади на ТикТок.
Без разлика дали станува збор за едноставни модни комбинации, како што се тексас шорцеви и маичка во обична боја, или летно кратко фустанче во популарен стил од 2000-тите, стилот во Атина едноставно ги претставува модните трендови што ги носат влијателните тинејџери ширум светот. Таа игра со додатоци без грешки и секоја „облека“ носи со себе посебна приказна.
Очигледно, Карлеуша е вистински пример за нејзините ќерки кои се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.