Кафе муабет
Ќерката на Весна Змијанац шокираше: Нема да ја направам грешката на мајка ми!
Снимките на Николија од најраното детство можеше да ги види цела поранешна Југославија...
Пејачката Николија Јовановиќ во средината на јули роди уште една ќерка, а постарата Реа која ја доби во вонбрачна заедница со раперот Реља Поповиќ, доби помала сестра.
За време на последното интервју Николија откри дека дури сега ја сфатила грешката што ја направила кога пред медиумите го открила името на нејзината постара ќерка, но тоа се случило, како што истакнал, бидејќи тогаш била еуфорична и новинарите ја чекаа пред породилиштето, па сега реши мудро да го крие името на помладата ќеркичка.
– Сега кога сето ова се среди, јас и Реља донесовме одлука децата целосно да ги отстраниме од медиумите. Кога велам медиуми, мислам и на социјалните мрежи – објасни Јовановиќ, очигледно алудирајќи на јавни личности кои постојано истакнуваат дека нивните деца не се јавни личности, но постојано ги споделуваат нивните фотографии и снимки на профилите на социјалните мрежи каде што ги следат десетици илјади луѓе.
– Јас и Реља сакаме да им дадеме слобода на нашите ќерки да изберат дали сакаат да бидат јавни личности кога ќе пораснат, бидејќи ако сега го направиме тоа од нив, тие нема да го имаат тој избор, како што јас немав – рече пејачката за „Премиера“.
За потсетување, снимките на Николија од најраното детство можеше да ги види цела поранешна Југославија, бидејќи нејзината мајка Весна Змијанац дури ја ангажираше да биде дел од еден нејзин видео запис.
Пред извесно време пејачката отири дека таа и нејзиниот партнер Реља Поповиќ ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските.
„Јас и Реља ги делиме обврските 50:50. Мајка ми нема слободен викенд до февруари. Се восхитувам од каде доаѓа нејзината сила. Кога ми го прочита нејзиниот репертоар и датумите сфатив дека нема да се видиме наскоро. Исто е и со Реља. Има снимања, настапи…“, изјави Николија за Блиц.
„Јас и Реља си го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е секако голема, иако не секогаш ја споделувам со медиумите и обожавателите затоа што едноставно ги одвојувам приватното и деловното. Да го вратам времето, нема да го откријам ниту името на првото дете. Имаше еуфорија и медиумите беа пред породилиштето кога ја родив Реа. Сега се ни се среди и решивме да ги криеме децата од медиумите и социјалните мрежи“, изјавила пејачката.
Пејачката по породувањето брзо ја врати посакуваната тежина.
„Јас тренирам. Сакам и секогаш тренирав. Штом докторот ми даде зелено светло, продолжив“, изјавила Николија.