Дом и семејство
Ќерката на Весна Змијанац ги спакува куферите и замина- ги остави сопругот и двете ќерки
Замина во Њујорк....
Како што стојат работите, пејачката Николија Јовановиќ утре ќе го прослави својот 33 роденден без својот извраник, популарниот рапер Реља Поповиќ, бидејќи ќерката на Весна Змијанац деновиве е во Њујорк, додека Реља е во Белград со ќерките Реа и Хана.
Разделбата на Николија и Реља сигурно била тешка, но и двајцата тргнале по различни патишта поради работата, додека истиот пат на крајот ги води во заедничкиот дом каде живеат со своите миленички.
Разделбата на Николија и Реља, за среќа, ќе трае само неколку дена за време на престојот на пејачката во Њујорк, каде што поминува време со пријателите и деловните соработници, како стилистот Стефан Орлиќ, па најверојатно Николија е е презафатена со работа овие денови и дека нема да има време за забава и туристичка обиколка на „центарот на светот“.
Меѓутоа, младата пејачка сепак најде време, за малку да се опушти и да ги прошета улиците на Њујорк.
Пејачката се пофали дека го посетила Музејот на модерна уметност и им порача на своите фанови дека утре за време на нејзиниот роденден ги очекува мало изненадување, а потоа ќе објави дел од нејзината нова песна „Пилот“, балада која особено и влезе под кожа. Можеби отишла во Њујорк само за да сними видео или промотивни фотографии за новата песна, а резултатите од нејзината работа ќе ги дознаеме наскоро.
Бидејќи се е во најдобар ред, разделбата на Николија и Реља не треба да ги загрижува оние кои ја ценат оваа двојка како една од најскладните на јавната сцена, бидејќи наскоро ќе продолжат токму онаму каде што застанале.
Да потдетиме, пејачката Николија Јовановиќ во средината на јули минатата година роди уште една ќерка, а постарата Реа која ја доби во вонбрачна заедница со раперот Реља Поповиќ, доби помала сестра.
Николија во едно интервју откри дека ја сфатила грешката што ја направила кога пред медиумите го открила името на нејзината постара ќерка, но тоа се случило, како што истакна, бидејќи тогаш била еуфорична и новинарите ја чекаа пред породилиштето, па сега реши мудро да ја крие приватноста далеку од очите на јавноста.
– Сега кога сето ова се среди, јас и Реља донесовме одлука децата целосно да ги отстраниме од медиумите. Кога велам медиуми, мислам и на социјалните мрежи – објасни Јовановиќ, очигледно алудирајќи на јавни личности кои постојано истакнуваат дека нивните деца не се јавни личности, но постојано ги споделуваат нивните фотографии и снимки на профилите на социјалните мрежи каде што ги следат десетици илјади луѓе.
– Јас и Реља сакаме да им дадеме слобода на нашите ќерки да изберат дали сакаат да бидат јавни личности кога ќе пораснат, бидејќи ако сега го направиме тоа од нив, тие нема да го имаат тој избор, како што јас немав – рече пејачката за „Премиера“.
Пред извесно време пејачката отири дека таа и нејзиниот партнер Реља Поповиќ ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските.
„Јас и Реља ги делиме обврските 50:50. Мајка ми нема слободен викенд. Се восхитувам од каде доаѓа нејзината сила. Кога ми го прочита нејзиниот репертоар и датумите сфатив дека нема да се видиме наскоро. Исто е и со Реља. Има снимања, настапи…“, изјави Николија за Блиц.
Јас и Реља си го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е секако голема, иако не секогаш ја споделувам со медиумите и обожавателите затоа што едноставно ги одвојувам приватното и деловното. Да го вратам времето, нема да го откријам ниту името на првото дете. Имаше еуфорија и медиумите беа пред породилиштето кога ја родив Реа. Сега се ни се среди и решивме да ги криеме децата од медиумите и социјалните мрежи“, изјавила пејачката.