Кафе муабет

Љубомората е негативна емоција која го убива бракот-Јелена Томашевиќ искрено за љубовта!

Кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа.

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ неодамна прославија десет години брак а во јавноста важат за еден од најхармоничните парови.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ
фото инстаграм/Јелена Томашевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Сепак, пејачката неодамна откри во една емисија како љубомората влијае врз нивната врска.

Кога се споменува хармоничен и успешен брак, многумина веднаш помислуваат на Јелена и Иван кои ја негуваат својата љубов од ден на ден и успеваат да останат заедно, среќни во овие брзи, модерни времиња.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Меѓутоа, бракот како таков има неколку предизвици, кои парот успешно ги надминува и се спротивставува на сите денешни проблеми. Круна на нивната љубов е нивната ќерка Нина, која расте од ден на ден, и е центар на светот за пејачката и актерот.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Неодамна, Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.

– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.

Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

Таа, исто така, прозборе и за љубомората и откри дали е присутна во бракот.

– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.

фото Стори.рс

Неодамана и Иван зборуваше на тема брак и посочи дека според него куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки, вели Иван.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
Фото Инстаграм/Иван Босиљчиќ

– Бракот е задача со која треба да се справите. Тој мора да се негува. Бракот не е само брак и дом, туку како се однесуваш кон целиот свет. Ако го уредувате вашиот живот во однос на другите сфери, се враќате дома мирно и чисто. Куќата не е место каде што ги пуштате сите ваши вентили. Брачниот другар не треба да биде некој што ги трпи сите ваши маки. Треба да бидете искрени со него, и тој треба да ви помогне да го решите проблемот што го имате. Но, се што можете да направите сами, особено кога станува збор за деловни работи, треба сами да го решите, за да биде добро за вашата сопруга и вашето дете – рече Иван Босиљчиќ.

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ
фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

На прашањето што ја одржува брачната заедница силна, Иван рече:

фото Инстаграм/ Иван Босиљчиќ

 

– Она што е конкретно за нас е тоа што ние сме често, многу заедно. Иако гледате дека снимам во Русија, знајте дека стои цврст план зад тоа, дека сме таму заедно. Или дека доаѓам овде почесто отколку што знаат медиумите. Тој наш ритам да бидеме заедно, да бидеме заедно што е можно повеќе, можеби тоа не прави посилни.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close