Кафе муабет
Љубовта победи, време е за трето дете?!- се огласи Карлеуша сите се шокирани од оваа фотографија!
Парот повторно заедно...
Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ се скарале на Божиќ, 7 јануари, кога пејачката го пријави фудбалерот во полиција поради тоа што и удрил шлаканица.
По скандалот на Душко му беше изречена забрана за приближување во траење од 48 часа, која подоцна му беше продолжена за еден месец.
Поради тоа, јавноста помисли дека парот е на „воена нога“, а потоа Јелена ги разубеди сите снимајќи го покрај еден од многуте букети црвени рози што ги доби за Денот на вљубените, веројатно од него.
Ова побуди мислење дека страстите се смирија и дека дошло до помирување, а за тоа придонесе нејзината следна објава на Инстаграм.
Јелена утрово објави слика од насловната страница на британскиот Вог, на која се Наоми Кембел и нејзината деветмесечна ќерка со интересен опис.
– Можеби е време за трето дете, штом толку се воодушевувам на слики со бебе – рекла Карлеуша, што натера многумина да помислат дека парот ги смири страстите по расправијата и дека можеби размислуваат да имаат бебе.
Што ќе следи, како и дали Јелена и Душко ќе се одлучат за третото дете, времето ќе покаже…
Но иако многумина размислуваа дека парот ќе го заврши бракот со развод, сепак изгледа дека се е во нормала во нивниот дом.
Сепак вчера откако Карлеуша се пофали со куп рози, фудбалскиот менаџер Душко Тошиќ ги изненади сите со најновата објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, бидејќи вчера се одбележа Денот на вљубените, многумина очекуваа Тошиќ да го видат покрај сопругата Јелена Карлеуша, но тој се огласи од друга локација.
Душко Тошиќ сподели фотографија од својата мајка Николета со букет цвеќе и со тоа ги воодушеви придружниците.