Кафе муабет
ЉУБОВТА И ЦВЕТА, СПРЕМААТ НЕШТО УБАВО: Цеца не се двои од своето момче- откри какви планови имаат во иднина!
Конечно, фолк sвездата ќе може да го одведе својот сакан во нејзината вила во Аја Напа.
При крајот на минатата година медиумите беа преплавени од веста дека фолк дивата Цеца е во љубовна врска со Богдан а подоцна тоа беше обелоденето и со фотографии кои лично таа ги сподели на својот профил на Инстаграм.
Секако нивната врска е под будното око на јавноста, и нормално е тоа, но пред околу еден месец некои медиуми објавија дека тие повеќе не се заедно. Сето тоа произлезе од фактот дека пејачката ги избриша фотографиите со Богдан од нејзиниот профил на Инстаграм.
Од друга страна, Богдан сè уште има фотографии со пејачката на својот профил.
Пејачката веднаш го демантираше тоа на својот профил на Инстаграм, и сподели една од фотографиите каде што наведува дека на врската и дошол крајот и со големи букви напишала„ ЛАГА!
Па и покрај сите гласини може да се каже дека тие уживаат во љубов и хармоничен однос и прават романтични планови за наредните денови.
Според фотографиите на кои може да се забележат, Цеца изгледа среќно како никогаш до сега и слободно може да се каже дека во овој момент на Ражнатовиќ и требаат само концерти, па да се каже дека нејзиниот живот е совршен.
Цеца и Богдан беа задоволни од веста дека од 1 април туристите од Србија ќе можат да патуваат на Кипар само со негативен тест за ПЦР. Конечно, фолк sвездата ќе може да го одведе својот сакан во нејзината вила во Аја Напа.
Бидејќи сега има неспоредливо повеќе време отколку порано кога деловниот живот беше во полн ек, Цеца си дозволува повеќе време за себе и секојдневно се негува.
Обично го поминува денот релаксирајќи се во бањата што ја изградила во нејзиниот дом.
Пред извесно време извор за српските медиуми, ја коментираше разликата во годините за што јавноста ја осудуваше фолк дивата и посочи дека и покрај разликата во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи за свои години.
„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.
„Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата.
И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок“, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.
А дека Цеца одлично се согласува со малата Искра покажаа и фотографиите од нивното зимовање пред неколку месеци.