Кафе муабет

Љубовната врска со Душко ги замрси конците: Еве како Јелена Карлеуша и помогна на Софија Шашиќ кога и беше најтешко!

Ги негираа гласините...

Пред еден месец како бомба одекна веста за наводната афера меѓу Софија Сашиќ и Душко Тошиќ.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Ќерката на Жељко Сашиќ и Соња Вуксановиќ во интервју за Story.hr ги коментираше гласините и истакна колку и е драго што Јелена Карлеуша застанала зад неа.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Јелена со години е во блиски и пријателски односи со мене и со моето семејство, а ваквите написи и клевети не го загрозуваат тој однос. Сигурно ми е драго што и таа придонесе да се прекинат шпекулациите – изјавила Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

На прашањето дали има аверзија кон медиумите откако пред еден месец беше објавена веста за нејзината наводна врска со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, Софија спремно одговара:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Не би генерализирала, сепак има светли примери од новинарската професија, иако дефинитивно има горчлив вкус во мојата уста. Ситуација во која не би сакал никој да се најде.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

За потсетување, неодамна се појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

Потоа се огласи и Карлеуша која рече дека е шокирана од тврдењата дека нејзиниот сопруг бил во тајна врска со Софија:

фото Инстаграм/Софија Сашиќ

– Секако, апсолутна лага е дека Душко е во каква било врска со малата Софија Сашиќ, која многу добро ја познавам, имам одличен однос со неа, нејзината мајка Соња, таткото Жељко и овие болни гадости, без никакви докази, многу ги повредија сите – напиша поп дивата на својот Инстаграм.

фото инстаграм Јелена Карлеуша
фото Инстаграм/Софија Сашиќ
фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close