Кафе муабет
Јована Јеремиќ за аферата со Мили: Жал ми е што тој го извлече подебелиот крај- водителката ги открива сите детали
Не се работи за Мили од Гранд...
Oткако вчера во јавноста како бомба одекна веста дека композиторот Мили, ја изневерува својата сопруга со водителката Јована Јеремиќ, се огласи и таа на својот Инстаграм профил и објасни кој е Мили од нејзинот телефон…
– Демантирам, не е во прашање никаков Мили од Гранд, туку мојот пријател кого го викам Мили. Не ги пишувам луѓето во телефонот по име и презиме, туку по тоа што ми значат и како се чувствувам за нив. Значи ова е целосна лага, не сакам да правам проблеми, никогаш не одам со женети мажи. Не знам на кого му текнало да го идентификува Мили со Гранд но вистината е дека Мили од Гранд и мојот Мили навистина личат, и двајцата се ќелави, но дека контактирав со него не е вистина…
Таа истакна и дека не го познава лично Мили од Гранд како што го нарекува.
– Жал ми е што сега го изеде подебелиот крај, не го знам Мили, никогаш не сум го сретнала, сум го гледала на телевизија. Не е Мили од Гранд, на погрешен пат сте, тоа е единствената вистина. Тоа е млад човек, слободен, кој е ќелав, тој е заведен како Мили затоа што имам таква емоција кон него – рече Јована.
– Се чека моја грешка затоа што Јована Јеремиќ е жена која не греши во животот во таа смисла, нема сензација и афера, не киднапирам сопрузи, правилата околу мене се јасни, сакам само слободни мажи, јас сум специјален агент кој не греши. Тоа е единствената вистина, ве сака вашата Јована Јеремиќ, се гледаме во Јутарњи, мислам дека се ќе изгори – заврши Јована.
По ваквите написи се огласи и самиот Мили кој истакна дека преписката е лажна. Тој откри дека моментално е во Турција каде работи на нови песни.
– Еве, ме насмеавте. Мојот профил на таа мрежа не изгледа така. И профилот и преписката се лажни. Со Јована немам никаков контакт, ниту сум го имал некогаш. Во Турција сум и уживам, правам песни за новиот Милиграм каде ќе пеат најголемите ѕвезди – изјави Мили.