Кафе муабет

Јелена Ѓоковиќ остро реагираше на „неверството на Ноле”: Од мене правите дворски шут!

Иако таа генерално не реагира на слични написи во медиумите, сите беа изненадени од жестоката реакција на Јелена...

Јелена и Новак Ѓоковиќ важат за еден од најхармоничните парови во јавноста.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Но се чини дека овој пат сопругата на Ноле не можеше да премолчи и остро ги искоментра последните написи во медиумите.

Откако во медиумите се појави веста дека актерката Марија Каран го „завела“ Новак Ѓоковиќ и при тоа тој ја изневерил својата сопруга на концертот на Дино Мерлин, се огласи и Јелена Ѓоковиќ.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Иако таа генерално не реагира на слични написи во медиумите, сите беа изненадени од жестоката реакција на Јелена.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

Имено, кога го виде текстот во српскиот таблоид, објави фотографија од споменатиот текст на Инстаграм, со порака:

„Ако не ја негираш лагата, бидејќи немаш одговор на таа глупост и едноставно не се занимаваш со тоа, за новинарите тоа претставува зелено светло да продолжат да пишуваат за тебе по весниците и да прават дворски шут од тебе. По 15 години пишување за аферите со секоја девојка од нашето заедничко друштво, сега толку добро нè знаат како двојка што дури знаат и дека сум љубоморна без зборови и дела (бидејќи тоа наводно не се гледа, но тие знаат или имаат веродостојни извори). А секако, кога не ја демантираш глупоста, таа автоматски станува мамка за идни објави за сега веќе бившите љубови… Бидејќи така се почитува ликот и делото на еден млад успешен спортист од нашата земја. Не е интересно тоа што е со мене сите овие години. Многу повеќе кликови носат аферите“, напишала Јелена Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм

„Живееме во време кога човек навистина мора да се запраша што чита и кому му верува. Сета таа мрачна енергија што влегува во нас додека читаме вести исполнети со невистини и измами поради контрола, страв и со самото тоа и профит, не може никого да го инспирира да прави добри дела. Знаеме дека столбот на секое здраво општество е семејството, па зар е можно да ги користиме медиумите како средство да го оцрниме и разнишаме?! Дали тоа е рецепт за успех или за пропаст на едно општество? Вие проценете“, заклучи Јелена.

ФОТО: Новак Ѓоковиќ / Инстаграм
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Инаку самиот Новак признава дека најголема поддршка освен неговите родители му е и неговата сопруга Јелена, но и неговите деца Стефан и Тара…

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Ѓоковиќ кој е најдобриот тенисер во светот на неколку наврати јавно истакна дека најголемата сила ја наоѓа во моментите што ги минува со своето семејство.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Додека медиумите постојано откриваат детали за животот на Новак и Јелена, тие двајцата решија нивните деца да ги кријат од очите на јавноста, колку што е можно повеќе.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Синот Стефан неколку пати го имаме видено во јавноста како го бодри својот татко во публиката.

Сепак, Тара која е родена во 2017 година, никогаш не сме ја виделе во јавноста, а Јелена секогаш се обидува да го покрие лицето кога објавува фотографии или видеа на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ

Во една прилика Новак откри дека името на неговата миленичка е по планината Тара, накоја најчесто ужива да замине со своето семејство кога е во родната Србија.

Фото Инстаграм/Јелена Ѓоковиќ
Фото Инстаграм/Новак Ѓоковиќ

– Колку убавина и богатство нуди нашата Србија. Тара е дива планина која ги крие своите тајни се додека не стигнете до неа и и покажете големо воодушевување. Езерата Перуњац и Заовин, историската река Дрина, која тече моќно ги маѓепсува сите што ја гледаат. Благодарни сме за заедничкото, семејно време и се радуваме на понатамошно истражување на бисерите на нашата прекрасна земја – напиша Новак додавајќи дека убавината на оваа планина е една од причините зошто нивната ќерка го носи ова име.
Нашата ќерка беше делумно го доби своето име поради ова место и убавината на дивата природа.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close