Кафе муабет
Јелена Ѓоковиќ ги спакува куферите и го напушти семејниот дом: Кризата во бракот не можеа да ја сокријат
Се шпекулира дека се разделиле...
Бракот на Јелена и Новак Ѓоковиќ постојано е тема во медиумите. Често се шпекулира дека парот не е во добро односи и иако на тоа се навикнати повеќето јавни личности сепак се чини дека парот не ги простува ваквите шпекулации.
Секој знак дека се појавиле проблеми во врската на познатите сопружници е доволна причина за тоа да се зборува со денови.
Новите шпекулации на оваа тема пристигнаа откако сопругата на познатиот спортист денеска објави фотографија од природа со зборовите: „Ова е мојот излез во итни случаи“.
Иако Јелена во објавата постави насмеано лице сепак сите се прашуваа од што или подобро кажано од кого побегна и дали Новак има врска со тоа.
Според мислењето на многумина, брачната криза на Јелена и Новак Ѓоковиќ повторно затропа на врата, а за што точно станува збор јавноста не може да знае се додека проблемот не излезе од четирите ѕида.
Факт е дека сопружниците деновиве целото свое време, сила и енергија го насочија кон натпреварите што Ѓоковиќ ќе ги игра на Австралија опен, што наводно им создава голем притисок и влијае на бракот.
Инаку Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со години го води својот блог на кој често отворено и искрено зборува за проблемите со кои се справува.
Така, во еден од своите постови, таа откри што и било најтешко за неа кога станува збор за работа на себе.
‒ Долго време се мачам да кажам „извини“ кога е потребно и да прифатам дека не сум совршена. Откако тргнав на духовниот пат на внатрешен раст, почнав да сфаќам колку е важно да се каже извини – истакна Јелена и откри како научила многу лекции на патот да стане подобра верзија на себе.
‒ Моето разбирање за животот е дека ние сме тука да бидеме луѓе и да го покажеме тоа во секоја улога што ја преземаме. Како што стануваме помудри и постари, можеби ќе ги правиме работите подобро, но ќе продолжиме да грешиме. Треба да бидеме отворени за нови искуства во текот на животот. Ќе престанеме да правиме грешки само ако престанеме да пробуваме нови работи. Мораме да ги прифатиме страдањата и болката како процес на учење. Најкорисната вештина што некогаш ќе ја научиме е да се извинуваме и да учиме од сопствените грешки – заклучи Јелена во својот блог.
Да потсетиме, тие се запознале додека биле уште во средно училиште, летото 2005 година, кога Новак немал поим дека ќе стане еден од најдобрите тенисери во светот.
Ги поврза разговор за спортот, бидејќи тогаш Јелена се занимавала со атлетика.
Новак тогаш имал 17 години и само што почнал да плива во професионалните води, а Јелена е 11 месеци постара од него.
Тенисерот еднаш откри дека прво го привлекла насмевката на неговата сопруга, но истакна дека е благодарен што тие двајца се заљубиле пред да се случат неговите големи успеси.
„На прв поглед ме освои со насмевка. Секако, изгледот е секогаш прв кој доаѓа до израз, но за љубовта е потребно многу повеќе. Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години. Таа е мојата најголема поддршка, таа е способна, амбициозна и силна. Најмногу ми се допаѓа искреноста кај неа, тоа не прави среќни“, изјави Новак.