Кафе муабет
Ја поврзуваа со Марија Шерифовиќ, се повлече од јавноста, направи операција и сега покажа како изгледа- Џејла Рамовиќ објави фотографии и ги шокираше сите
Направи операција на коленото...
Пејачката Џејла Рамовиќ откри дека била оперирана за да го реши здравствениот проблем кој ја мачи со години.
Таа никогаш досега не откривала детали за истото, а на социјалните мрежи сега сподели фотографии на кои покажа како изгледа сега.
– Зад сцената, во секоја смисла. Решив проблем што го влечкам со години. Операцијата на коленото – е готова! – напиша Џејла на Инстаграм.
– Жива сум, здрава сум и закрепнувањето ми напредува одлично! Следната година „Преживеан“! додаде таа во свој стил.
Инаку Рамовиќ во неколку наврати медиумите ја поврзуваа со пејачката Марија Шерифовиќ, поранешна менторка во музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде и победи.
Марија Шерифовиќ важи за личност која ја крие својата приватност далеку од очите на јавноста. Во неколку наврати ја поврзуваа со јавни личности но таа остана доследна на себе и не се огласуваше по тој повод.
Таа претежно ги држи подалеку од љубопитните погледи деталите од своето секојдневие, но се чини дека одредени теми кои постојано се вртат во јавноста го поминале нејзиниот праг на толеранција.
Имено, пејачката реши да стави крај на одредени приказни кои веќе извесно време кружат во медиумите а потоа да раскаже како стојат работите кога се во прашање парите, пријателствата со познатите личности, па дури и кариерата.
– Во последно време слушам од пријатели дека никој нема самодоверба кога станува збор за почеток на нешто ново. Ги немам овие проблеми, правам чекор и никогаш не чекам, низ смеа изјавила Марија.
Марија во оваа прилика се осврна и на наводната врска со младата пејачка Џејла Рамовиќ, за која често пишуваа некои медиуми. На прашањето каква е нивната врска таа остро одговори.
– Пријателски-бизнис и би сакала таа приказна еднаш засекогаш да престане. Никој не се води од тоа како му е на некој кога чита вакви измислици, како и дека во неколку моменти сериозно се претера. Затоа навистина оставете ја девојката на мира!, изјави Марија.