Кафе муабет
Ја изневери повеќе од 80 пати а таа му прости и повторно се заедно: Заводникот се врати во прегратките на наивната убавица, јавноста бесна поради нејзината одлука
Љубовта победува се...
Миленикот на женската публика, актерот Вилијам Леви кој јавноста го запозна во шпанските сапуници, каде и да се појави прави бум со својот изглед.
Жените не можат да му одолеат на неговото мускулесто тело а мажите му завидуваат.
Иако на почетокот на минатата година Вилијам Леви неочекувано побара од медиумите да не го прашуваат за Елизабет Гутиерез неговата сопруга и мајка на неговите деца сега јавноста беше шокирана кога повторно ги виде заедно.
– Сакаме да ве информираме дека решивме да ја прекинеме нашата врска, но ќе продолжиме да бидеме прекрасно семејство како што сме и најдобри родители на нашите деца, откри Вилијам во јануари.
Двојката е видена заедно по долго време во посета на Севиља, каде Вилијам работи на проект.
Тие уживаа со пријателите и семејството и не ја криеја среќата. Тие се фотографираа со обожавателите и споделуваа фотографии на Инстаграм.
Оттогаш тие повеќе пати се видени заедно, но во друштво на ќерката Кејли. Според порталот Ванитатис, Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез биле видени на вечера во италијански ресторан.
View this post on Instagram
Информациите објавени во споменатиот медиум велат дека двајцата актери не биле сами на средбата, туку биле во друштво со ќерката на Кејли Леви, како и со уште еден пар чиј идентитет не е познат.
Елизабет Гутиерез и Вилијам Леви се познаваат 19 години, а својата романса ја започнаа во реално шоу, подоцна се венчаа и добија две деца Кристофер и Кејли, кои сега се тинејџери.
Нивниот брак го следеа многу афери и неверства од страна на Леви, а Елизабет секогаш го бранеше.
Елизабет Гутиерез сега доби низа критики поради нејзиното помирување со заводникот кој ја има изневерено повеќе од осумдесет пати. Јавноста ја нарекува „јадница“ и „слабак“ затоа што таа очигледно му ги простила сите јавни измами на Вилијам Леви.
Да потсетиме, кубанскиот актер е познат како голем женкар, а имаше период кога спиеше со три различни жени неделно.
Се обиде да ги одведе сите колешки во кревет, многумина попуштија, но не и 40-годишната Жаклин Бракамонтес, која му беше партнерка во теленовелата „Магична привлечност“.
Што се однесува до неговите бројни афери, познато е дека ја изневерувал сопругата, меѓу другите и со некои колешки. Една од нив е и Ксимена Наварета со која глумеше во теленовелата „Бура во срцето“ за која проговори и самата, а на насловните страници на медиумите се појавија и нивните заеднички фотографии.
Актерот беше обвинет и дека намамил малолетничка во хотелска соба и ја принудил на секс.
Обвинението подоцна беше отфрлено, но Вилијам никогаш не негираше дека спиел со дотичната девојка, туку рече дека таа го лажела за тоа колку години има.
Вилијам Леви зад себе има огромен број на улоги во серии и филмови од шпанското говорно подрајче.