Дом и семејство

“Јас не сум гостин во домот, чистењето не е работа само на мојата сопруга”- Фејсбук статус на еден татко кој предизвика бура од реакции!

овој татко смета дека домашните работи треба да ги извршуваат двајцата партнери

Многу мажи, очекуваат од жената која е дома, однсоно која е мајка на нивните деца, постојано да ја средува куќата, да пере, пегла, да се грижи за децата, да зготви ручек, да го среди сиот неред кој го направиле децата, не размислувајќи на тоа дека долга е листата на работи кои една жена треба да ги направи во текот на денот, иако е дома.

Фото Илустрација

Таа заслужува одмор, мир, заслужува време за себе.

Токму овој татко со својот статус на Фејсбук објавен на страницата (Немам претстава што правам: Блог на еден татко) е посветен на сите мажи, ќе ви го даде секој одговор.

Фото Илустрација

Зборував со мајка ми на телефон пред неколку недели, кога таа ми рече: “Не ли ти пречи што  Мел не ја средува куќата доволно?

Неговата мајка му постави прашање што не е толку ретко и невообичаено (за мајка / свекрва), но неговиот одговор е воодушевувачки и доби многу пофалби.

Еве ја неговата приказна…

Фото Илустрација

Беше сабота. Јас ги миев садовите, кога ми се јави мајка ми и ме праша како е можно да не ми пречи што мојата сопруга не се грижи доволно за куќата да биде чиста.

Искрено, не знаев што да одговорам. Мајка ми не го рече тоа на некој пресуден начин или нешто слично. Повеќе беше од љубопитност.

Ја обвинив сопругата за нередот во куќата и погрешев

 

Фото Илустрација

Таа очигледно забележала дека во нашата куќа не е баш се „под конец“.

Но, тоа не е работа само на сопругата. На бракот гледам како на партнерство, заедница, така што чистењето на просторот во кој живееме сите е исто толку моја работа како и нејзина. Признавам, често има детски играчки наоколу, садови во мијалникот и штотуку започнати уметнички проекти на секоја маса во куќата.

фото Илустрација

Признавам и дека нашата куќа не е чиста како куќата на мајка ми. Но, не ми пречи. Всушност, јас дури и не размислувам за тоа.

Не знаев што да одговорам на прашањето на мајка ми, па се збунив.

Јас обично не знам што да кажам во такви моменти. Но, кога ќе размислам малку подобро, верувам дека начинот на кој мајка ми гледа на нашиот дом низ нејзината (не) уредност е всушност одраз на времето во кое таа пораснала.

 

Фото Илустрација

Таа е дел од генерацијата Бејби бум. Не се сеќавам на татко ми многу добро, но се сеќавам дека тој еднаш ми даде совет што да правам пред да изберам жена.

 

фото илустрација

„Застани покрај нејзината куќа, во момент кога таа не те очекува. Погледни како изгледа куќата. Можете да научите многу за жената врз основа на тоа како се грижи за куќата “. Мислам дека толкавата грижа на мајка ми и важноста што и ја придава на уредноста на куќата има врска со очекувањата што и беа наметнати во нејзината младост.

Но, за разлика од татко ми, јас навистина не размислував многу за чиста куќа кога избирав со кого да го поминам животот. Мислев дека ми се допаѓа она што таа треба да го каже. За тоа како се чувствувам. За тоа колку и често се смее. Тоа е она што ми се допадна. Размислував и за тоа колку е нежна и грижлива и каков тип на мајка сакам за моите деца.

фото илустрација

Јас сум партнер на сопругата, а не гостин кој само јаде и спие

По неколку моменти борба да ги најдам вистинските зборови, конечно реков:

„Па, не се оженив со неа заради уредна куќа. Се оженив затоа што Мел се чинеше како некој со кого би сакал да го поминам животот “.

Тишина.

 

фото илустрација

Додека ги редев садовите во машината, неколкуте минути тишина беа прекинати со звук од лажиците, за мајка ми конечно да рече:

„Па, тоа е веројатно поважно од чиста куќа“.

„Да, и јас така мислам, одговорив….

Izvor: Zelena učionica

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close