Кафе муабет
Јас бев тој што сакаше да раскинеме, среќен сум што не сме заедно: Шокантна изјава на поранешниот на Пријовиќ
Сите се изненадени од оваа изјава...
Поранешното момче на Александра Пријовиќ проговори за врската со пејачката.
Љуба Перучица, поранешното момче на Александра Пријовиќ ги остави сите во неверување со изјавата што ја даде за врската со популарната пејачка.
На Перучица очигледно му пречи што по толку години не може да се ослободи од епитетот – поранешно момче на Александра Пријовиќ па без да размисли малку побрза со јазикот и изнесе сочни детали.
Двегодишната врска на Љуба и Александра остави трага, па пејачот кој е во брак со водителката Катарина Колозеус се уште се соочува со прашања за Прија.
– Секоја средба што ја имам со Александра изгледа како секоја средба со бивша со која сум останал во добри односи. Се разделивме на најнормален можен начин и не гледам зошто да не разговарам со неа и да ја прашам како е, што има ново… со неа бев две години, нашите семејства се познаваат , јас одев во нејзината куќа, а таа во мојата и нормално е да прашам за тие луѓе. Дури и жена ми кога ќе ја сретне некаде зборува со неа најнормално. Тоа што беше меѓу нас е минато – изјави Љуба за Ало.
Но она што изненади многумина е изјавата дека не пател многу по пејачката.
– Не страдав премногу бидејќи јас бев тој што сакаше да заврши бидејќи некои работи не функционираа. Бев среќен кога раскинав, дишев со олеснување и сфатив дека е подобро така да заврши.
Иако е во среќен брак, пејачот никогаш не криел дека останал во добри односи со бившата, а дали така ќе остане и по оваа изјава, ќе покаже времето.
Пријовиќ има неостварена желба…
Александра Пријовиќ за многу кратко време постигна голем успех и на деловен и на приватен план.
Сепак, пејачката открива дека ѝ останала една желба која никако не може да ја реализира.
Имено, нејзиното семејство не живее во Белград, како што таа би сакала.
„Сè уште имам неостварена желба. Би сакала да можам да го преселам моето семејство во Белград, ако сите беа тука. И тато со сопругата, мама со сопругот и баба и дедо. Ова го кажувам со години, но не можам да се договорам со нив, изјавила Александра, пренесува „Гранд онлајн“.
Иако оваа одлука не зависи од неа, таа не планира да се откаже од оваа идеја.
– Значи, во моментов не можам да ги преселам, но мислам дека еден ден ќе успеам во таа намера, заклучи Александра.
Да потсетиме, Александра се прослави на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ каде што се натпреваруваше пред десет години, а неодамна го издаде и вториот албум.
Откако започнаа љубовна врска а потоа и го изговорија судбоносното Да, Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се на тапет.
И додека едни предвидуваа крах, други се прашуваа колку долго ќе трае бракот на Александра и Филип , дали сопружниците се расправаат, бидејќи пејачката многу работи и патува низ светот и е далеку од дома се чини дека меѓу нив се е во најдобар ред.
Сите оние кои веруваа дека врската помеѓу пејачката и синот на тенисерот Боба Живојиновиќ ќе трае кратко, згрешиле, бидејќи очигледно сопружниците кои го имаат синот Александар живеат своја бајка, а бракот дополнително го зацврстиле со тоа што почнуваат да соработуваат.
Зад новите песни на Александра стоеше продукциската куќа во сопственост на Филип. За најновиот албум како што се шпекулира одвоила колку и за луксузен стан во Белград. Пејачката дала повеќе од 150.000 евра за продукција, промоција и маркетинг, а неодамна изјави дека работата на новиот проект многу ја исцрпувала, па дури и довела до расправии со сопругот, што вообичаено не е случај.
– Беше многу заморно поради желбата се да испадне најдобро. Тој повеќе ми замерува отколку јас него. Она што тој мисли ми е важно бидејќи најмногу му верувам. Генерално не се караме, но ако се случи тоа е поради песните и спотови – истакна пејачката и потврди дека расправиите со сопругот најчесто ги решава мирно и дека на почетокот на врската и двајцата ставиле крај на големите расправии.
И покрај лошите добронамерници, се чини дека бракот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе доживее долг век, а сопружниците под ист покрив ќе доживеат длабока старост.