Кафе муабет
Ѕирнете во раскошниот дворец на Драгана Мирковиќ – фолкерката ужива во луксузот
Познатата пејачка живее живот како од бајките!
Пејачката Драгана Мирковиќ го одбележа Велигден според грегоријанскиот календар, а за таа пригода направи свечен ручек.
Познатата пејачка со своето семејство живее во луксузен дворец во Виена, од каде деновиве објави неколку фотографии на Инстаграм.
„Среќен Велигден на сите верници од римокатоличка вера. Многу здравје и среќа од срце им посакувам“, напиша Драгана во описот на фотографијата.
Таа на својот профил објави и видео од кое можеме да ја видиме празничната декорација но и еден детаљ што го забележаа сите.
На масата се поредени зајчиња, шарени јајца и многу цвеќиња кои нејзините обожавателки ги оставија без зборови.
Познатата пејачка ужива во својата раскошна палата
Инаку, дворецот во кој живее Драгана е толку голем што може слободно да се каже дека таа и за време на „локдаунот“ не беше во изолација.
Имено, во него има толку простор што на пејачката и треба повеќе од еден час за да направи круг околу него.
Таа редовно објавува фотографии од раскошната палата во Виена, а неодамна покажа и како беше украсен за роденденот на нејзиниот син.
Пејачката тогаш објави и фотографија од својот син Марко со која исто така ги изненади сите. Таа на овој начин му го честиташе 20 роденден, а преку социјалните мрежи откри и како го прославиле роденденот.
Имено, заради пандемијата и мерките, тие тогаш роденденот го прославија во кругот на семејството.
„Заради забрана за собирање и строгите мерки во Австрија, роденденот на Марко го славевме како Ивкова слава, пет дена. Но се за тебе, лаву мој, Те сака мама“, напиша пејачката тогаш во својата објава.
Таа за оваа пригода носеше интересна црна свечена комбинација, а како изгледаше нејзиниот дом за време на роденденската прослава погледнете во продолжение.
.