Дом и семејство
Ѕирнете во луксузниот стан на Шерифовиќ за кој потроши 200.000 eвра: Ја покажа својата оаза од 80 метри квадратни во елитна населба во Белград
Се е по нејзин вкус...
Пејачката Марија Шерифовиќ го покажа луксузниот стан од 80 квадрати, за кој пред три години платила 200.000 евра и се сместила во елитната населба во Нов Белград.
Во луксузното маало, соседи на единствениот српски евровизиски победник, се колегите Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ и нејзиниот кум Стеван Анѓелковиќ.
Марија често споделува објави на Инстаграм на која се гледа како ја уредила својата оаза на мирот, па на тие кадри може да се види во каков луксуз ужива.
Речиси сè изобилува со светли бои, додека парчињата мебел се нешто потемни.
Во пространата дневна соба има голем аголен тросед, домашно кино и разни полици кои пејачката ги комплетирала со ситни детали.
Во спалната соба има француски кревет, украсен со перници, а до него е огромен бел гардеробер со огледало по целата должина на ѕидот.
Не се дружи со соседите
Неодамна Марија изјави дека и покрај тоа што живее во едно од најпознатите маала во Белград Вест 65, таа откри дека не е тип на човек кој сака да пие кафе со нејзините колеги, дека се држи на дистанца но со сите е во коректни односи.
– Имам голема почит кон сите мои колеги, но не сакам да се дружам….
– Не се среќаваме. Апсолутно можам да живеам секаде, бидејќи одам од гаража до кола и тоа е тоа.
Доколку има можност да живее надвор од Белград, вели дека тоа би била само Америка, Калифорнија.
-Затоа што таму можам да живеам обичен едноставен живот каде што не сум изложена на јавност. Ми недостига да не бидам изложена на погледи.
Емотивниот живот го крие далеку од очите на јавноста, и покрај сите шпекулации сепак Марија вели дека до сега не ја пронашла вистинската личност со која би била до крајот на животот.
– Затоа што никој не беше интересен, а камоли достоен, да биде претставен во медиумите. Сите мои избори досега не беа јавни личности, рече Марија.
– Немам никого неколку години и тоа е фантастично за мене.
Колку тетоважи имате, која ви е омилена?
– Имам над 20 тетоважи. Мојата омилена е на раката каде што пишува „Ќе останам своја и по цена да бидам ничија затоа што моето срце ми кажува како да сакам а таа љубов како да живеам“. Ниту една од нив не би ја симнала затоа што некои се добри за да ме потсетуваат на работи што никогаш не треба да ги повторувам, беше искрена Марија.