Дом и семејство
Ѕирнете во домот на познатиот актерски пар: Андрија Милошевиќ направи вистински рај за сопругата и синот
Модерно уреден простор...
По раѓањето на синот Реља, актерската двојка Андрија Милошевиќ и Александра Томиќ решија да го преуредат својот животен простор.
Својот дом го приспособиле на своето мало момче, кое почнало да истражува и наскоро треба да ги направи првите чекори.
View this post on Instagram
Единствено место каде што не направиле голема промена, е кујната, каде на малечкото барем некое време ќе му биде забранет пристапот.
Кујната на невенчаниот пар е уредена во индустриски стил. Сиви метални рефлектори висат од таванот, просторијата се состои од работна плоча од цврсто дрво, полици обложени со шарени садови и чаши и голем кујнски остров.
Кујната на Андрија и Александра е маслинесто-зелена, а ѕидовите се украсени со шарени плочки. Ретко кој не го сака овој начин на опремување на својот дом, секако дека се истакнува и е уникатен.
View this post on Instagram
Ужива во семејните моменти…
Улогата на Андрија како татко донесе нова инспирација за понатамошно творење, креативност и усовршување во неговата работа.
Со својата емотивна партнерка, актерката Александра Томиќ (39) го доби синот Реља, на крајот на февруари, па актерот вели, се чувствува како да поставил ракети на нуклеарен погон.
Пишува и објавува книги за деца, глуми во многу претстави и го води Театар на Брду, снима серии и филмови, планира да режира драма што ја напишал…
Сето тоа го постигнува, како што признава, со одлична организација, без која неговиот план би се распаднал, а за да не се случи тоа, заслужна е и неговата избраничка Александра од која во секој момент има несебична помош.
„За мене нема разлика помеѓу она што го работам и мојот приватен живот. Сето тоа е испреплетено во нашето семејство, приватниот живот, актерството, театарот, филмот. Мојата Сандра е исто така актерка. А нашиот син Реља веројатно ќе биде актер. А можеби и режисер, никогаш не се знае. И нема да имам ништо против тоа, ви ветувам. Од сè, најважниот личен аспект за мене е тоа да сум во мир сам со себе и задоволен. Штом размислам што некој ќе каже, веќе сум паднал“.
Откако се оствари во улога на татко, не сака да се одвои од својот наследник и избраничката.
„Кога, на пример, е време за патување, сите заедно патуваме. Ние сме како воз, локомотива со вагони. Одиме, одиме и нема запирање“.
Андрија не се жали на непроспиените ноќи со бебето. Како што вели, Реља веќе пораснал и триото се вклопило.
„Со Реља се е во ред. Тој е одлично. Тој е прекрасен човек. Има мешани особини од двајцата“.
– Менувам пелени, јас сум татко, татко кој прави се што треба да направат татковците. Знам и правам се, Сандра и јас заедно“, изјави Андрија неодамна за Телеграф Џетсет.
Не е невообичаено мајката да го преземе најголемиот дел од грижата за детето, но Андрија смета дека сите обврски треба да бидат заеднички и целосно поделени.
– Далеку сум од оној тип сега „мајката прави се, а ти ништо“. Не, мислам дека се треба да биде пола-пола, да помогнам, да биде вистинска приказна, не признавам поинаку, искрен е актерот.
– Улогата на татко ме промени на подобро! Истиот сум како што бев, но сега имам уште повеќе причини да бидам среќен и да ја делам среќата со другите, тоа детето го прави. Тоа е генератор на нежност, изјави Андрија Милошевиќ.
Воспитувањето на детето му даде дополнителна енергија уште повеќе да ги рашири крилјата во уметничка смисла. Андрија открива дека завршил со пишувањето на својот прв драмски текст и планира да се проба како режисер.
„Ја напишав драмата „Бесните осум“, во стил на Тарантино. Тоа е мој авторски проект за милјето од Нов Белград, како што јас го гледам. Ќе го поставам во Театарот на Брдо. Јас го пишувам текстот и режијата, а ќе играат најдобрите млади актери“.
Дотогаш ќе биде фокусиран на нова, главна улога во театарот. Ќе го толкува ликот на детективот Херкул Поаро во драмата „Убиство во Ориент Експрес“, работена според романот на Агата Кристи.