Кафе муабет

ЅИРНЕТЕ ВО ДВОРОТ КАДЕ СТОЈА УЖИВА ЗА СИТЕ ПАРИ: Погледнете го луксузниот имот – фонтана, цвеќиња и палми- убавина која го одзема здивот

Стоја сака да поминува време во својот дом...

Популарната пејачка Стоја Новаковиќ минатиот викенд го прослави својот 50-ти роденден.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Бидејќи не стигна на сите да им се заблагодари за честитките, реши на сите да им одговори со нова објава на Инстаграм.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Покрај тоа што им се обрати на сите кои и го честитаа роденденот, пејачката се пофали и со својот двор.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

На сите што ми го честитаа роденденот, еден голем бакнеж од мене“, напиша Стоја покрај фотографијата.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Познато е дека пејачката има куќа во Перлез која ја навела како локација на споменатата социјална мрежа. Таму направила вистински рај, што може да се види од приложеното.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Покрај честитките во коментарите под фотографијата, пејачката доби и пофалби за изгледот на дворот:
„Ова е рај, рај за телото и душата“, „Како Стоја, дворот е уште поголема институција“, „Убаво е овде во Перлез“, се само дел од коментарите.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Во животот на Стоја не цветале рози

Иако многумина ќе помислат дека животот и подарил се, и буквално и цветаат рози, сепак не било секогаш така.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Во едно интервју пејачката си ја отвори душата и го раскажа нејзиното тешко минато.
Имено таа е родена во село, а се омажи малолетна, кога имала 16 години, а на 17 го роди својот син Милан.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Како што изјави семејството на нејзиниот сопруг не ја сакало, а нејзините родители и биле лути поради тоа што се омажила премногу млада.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Иако се чинело дека љубовта може да победи се, и таа со својот сопруг живеела среќно и заљубено, сепак по само две години се случила голема пресвртница во животот на Стоја, и таа го загубила својот сопруг.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Како што откри во една прилика останала на улица сама со својот син.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Се омажив многу млада, на 16-годишна возраст, со човек кој неизмерно го сакав, како што тој ме сакаше мене. Јас го родив мојот син Милан на седумнаесет години и наскоро започнав да настапувам со бенд, а мојот сопруг ми даваше најголема поддршка. Таа идила траеше до мојата 19 година, кога се случи таа несреќа, тогаш сè тргна наопаку “, рече таа еднаш за Ало.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Стоја раскажа и како се случило тоа таа да остане без покрив над глава, па да побара помош од својата пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Истиот ден кога беше погребан мојот сопруг, неговото семејство ме исфрли на улица мене и моето дете помало од три години! Јас дури и не стигнав да си ги земам работите, излегов без ништо. Моите родители ми беа премногу лути, и кога решив да се омажам ми ставија до знаење дека повеќе нема да се вратам кај нив. До доцна во ноќта, шетав низ селото и врескав и плачев гласно! Следните неколку месеци, јас и мојот син бевме кај моја пријателка.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

За Стоја може да се каже дека е тврдоглава, силна и одлучна жена а тоа и самата го потврдува. Таа постепено откако останала на улица, почнала да добива понуди со својот бенд, и полека да застане на свои нозе, за денес да биде една од најголемите ѕвезди.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

„Некогаш немав што да јадам, го делев компирот со комшивката. Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме, и таквата моја самодоверба ме туркаше напред“, изјави Стоја во една пригода.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Таа успеа да го однесе синот на вистинскиот пат и денес тој работи во психијатриска болница и има две деца.

Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција
Фото Инстаграм/ Стоја институција

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close