Кафе муабет
Ѕвездата од “Пријатели” го прослави својот 53 роденден: За оваа комбинација на Џенифер Анистон зборуваат 14 МИЛИОНИ ЛУЃЕ!
Ги освои фановите со овие панталони...
Џенифер Анистон го прослави својот 53 роденден, а актерката буквално сите ги изненади со стајлингот што одбра за оваа пригода.
Познатата актерка доби бројни честитки на Инстаграм, а им се заблагодари на фановите со специјално стајлинг видео кое ги изненади.
Панталоните со златни реси се навистина уникатни, а некој би рекол дека се вистински диско гламур.
За дополнително да ги истакне, Џенифер објави видео на кое собра лајкови од 14 милиони луѓе.
На видеото таа ја движи ногата за да покаже како изгледаат овие панталони.
Заедно со златните панталони избрала црна маичка со ракави украсени со крзно.
– Златна девојка! Кому му треба торта покрај вакви панталони?
– Не сум сигурна што се случува на оваа слика, но опседната сум со тие панталони – пишуваат нејзините придружници, а има многумина кои бараат од неа да открие од каде е ова парче.
За потсетување, холивудската актерка неодамна за прв пат реши јавно да проговори и да ја открие вистината за мајчинството.
Имено таа реши да стави крај на озборувањата и одговори на обвинувањата дека ја отфрлила шансата да стане мајка поради нејзината актерска кариера.
Таа изјави за Холивуд Репортер дека луѓето не знаат ништо за нејзината медицинска историја. По разводот со Бред Пит, актерката во 2016 година изјави дека отсекогаш сакала да има деца, но дека и понатаму сака.
Таа стана голема ѕвезда благодарение на серијата „Пријатели“, но ја погодија шпекулациите за нејзиниот приватен живот.
– Сето тоа го прифатив многу лично, тие гласини за бременоста и коментарите дека избрав кариера наместо деца. Ми пречеше тоа што овие луѓе немаа поим што се случува во мојот приватен живот, каква е мојата здравствена состојба, зошто не можам… Дали можам да имам деца? Тие не знаат ништо за тоа – рекла актерката и тие коментари ги нарече „болни“ и „просто зли“.
-Она што тогаш таблоидите и медиумите им го правеа на луѓето за личниот живот, сега го прават обичните луѓе. Дали сè уште гласините се дека ќе имам близнаци? Дали на чудесен начин ќе станам мајка на 52 години? Не знам зошто има таков злобен тренд во општеството. Често се прашувам што им е возбудливо во тоа“ – изјави таа.
Анистон се осврна на општеството во кое живееме и објасни дека се уште е во ред мажите да стапат во брак повеќе од еднаш и да имаат 30 години помлада жена и дека тоа многу влијае на припадничките на понежниот пол и незадоволството ако ситуацијата е обратно.
И покрај тоа што наполни 53 години, многумина се согласуваат дека изгледа подобро од многу помлади девојки од неа. Таа вели дека за нејзиниот изглед виновни се здравиот живот, добрата исхрана и редовните тренинзи.
Имено, познатата холивудска актерка вежба еден час дневно, по пет пати во неделата, додека викендот и е резервиран за одмор и собирање сила за следните денови. Што се однесува до тренинзите, таа комбинира теретана и јога, а често вежба и во својот дом со некое видео од интернет, додека најмногу ужива во своите кардио тренинзи.
Џенифер не е фан на некои ригорозни диети, но смета дека здравата исхрана е клуч за добриот изглед и чувство.
Наутро во главно јаде нутритивен богат појадок како што е овесна каша или кајгана од едно цело јајце и три белки, или едноставно пие смути.
Ручекот и вечерата во главно се обилни со протеини. За тие оброци најчесто избира салати со пилешко или туна.
Покрај овие три основни оброци, практикува и ужина меѓу нив. Измеѓу оброците јаде некое овошје или зеленчук.