Новости

Ѓaвoлoт ја однесе шегата во Македонија – короната коси, а граѓаните се гушат и од воздухот!

Рекордни црни статистики од корона во Македонија, но и рекордно загадување

Податоци од два веб-сајтови што се занимаваат со мерење на квалитетот на воздухот покажуваат дека во Македонија и денес состојбата е извонредно лоша – нивото на загадување на воздухот повторно е опасно по здравјето, но она што е најлошо е тоа што загадувањето ни се случува во период кога епидемијата со корона од ден на ден одзема се повеќе човечки животи.

Податоците на сајтот „IQAir“ покажуваат дека во моментов во Македонија најзагадено е во Скопје, Куманово и Велес, додека во утринските часови на првото место беше Кавадарци. Мапата на овој сајт покажува дека во моментов најзагаден град во Македонија е Куманово, а што се однесува до Скопје, во раните утрински часови најзагадено беше во Центар и во блиските населби, каде воздухот и сега е опасен за оние со хронични заболувања.

Мапата на Македонија на сајтот покажува дека во моментов најзагаден е Кавадарци, а што се однесува до Скопје, во раните утрински часови најзагадено беше во околината на Водно, каде воздухот е опасен за оние со хронични заболувања.

Фото: МојВоздух.еу

Од друга страна на веб-сајтот „МојВоздух.еу“, со темно виолетова боја, што значи дека квалитетот на воздухот е многу лош, покрај Кавадарци се означени и Скопје, Тетово, Велес, Битола и Струмица. Во Скопје според Индексот на овој сајт во моментов најзагадено е во централните делови на градот, но и во Кисела Вода, Аеродром и Ново Лисиче.

Фото: МојВоздух.еу

Дури и во близина на Водно во раните утрински часови беше измерени високо ниво на загадување, односно над 170 ПМ 10 честички на метар кубен, додека во текот на денот, во 15.00 часот, најзагадено е во населбата Маџир Маало со измерени преку 150 ПМ честички.

Фото: IQAir

На сајтот „IQAir“ Македонија за 2019 година е рангирана на високото 17 место меѓу најзагадените земји на светот, веднаш по Непал, Узбекистан и Ирак, додека на првите три позиции се Бангладеш, Пакистан и Монголија.

Фото: IQAir

Кога имаме вакво високо ниво на загадување на воздухот, се препорачува да се носат маски, прозорите да не се отвораат, но и да се избегнуваат физички активности на отворено, а доколку имате да користите прочистувачи на воздухот.

Проблемот е што многу граѓани во моментот се заболени од коронавирусот, па за нив експертите советуваат дека треба почесто да ги проветруваат просториите, но загадувањето на воздухот, посебно во ризичните подрачја, дополнително ја отежнува веќе тешката ситуација.

Фото: IQAir

Во актуелната ситуација предизвикана од вирусот корона, загаденоста на воздухот може да има посебно значење, бидејќи студијата од Харвард регистрираше врска измеѓу загадениот воздух и смртноста од короната.

Фото: IQAir

И не само што со вдишување на лошиот воздух станувате поподложни на корона и на некои други болести, туку и без неа можат да ви се развијат некои загрижувачки симптоми кои за жал можат да завршат и со трагични последици.

Фото: IQAir

Според една нова студија, надворешното загадување на воздухот во просек ни одзема околу три години од животот (2.9), што е двапати повеќе од поранешните проценки поврзани со пушењето тутун, пишува деновиве порталот „Објектив.рс“.

Фото: МојВоздух.еу

Честичките помали од 2.5 микрометри се способни да поминат низ носот и грлото, да достигнат длабоко до градниот кош, а постои опасност да влезат и во крвотокот.

Фото: IQAir

Истражувањата покажаа дека загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од многу болести како хpoнични опструктивни бoлести на белите дробови, asтма, cpцеви заболувања, кapцином, диjaбeтес и многу други сериозни бoлести опасни по животот.

Фото: Унсплаш

Нов црн корона рекорд во Македонија

Во Скопје во последните 24 часа хocпитализирани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, така што сега вкупно 469 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфeктивните oддели во главниот град. Еден ден претходно, Министерството за здравство информираше дека од направени 3127 тестирања, регистрирани се 1022 нови случаи, додека бројот на пo чинaти се 41 лице, од кои едно лице го изгуби животот на 31 годишна возраст.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиникaта за инфeктивни бoлести и во ГОБ 8 Септември.

Фото: Унсплаш

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пaциенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, информираат од Министерството.

Фото: Унсплаш

Тоа дека ситуацијата е лоша во на[ата држава, го спомна дури и српскиот претседател Александар Вучиќ кој при посетата на Ниш, одговарајќи на критиките од стручњаците дека здравствениот систем може во секој момент да крахира, направи споредба на Србија и Македонија и рече дека вкупниот број на трагични случаи од Ковид-19 е поголем, а се работи за многу помала земја.

Тој забележа дека Македонија, која е помала од Србија, има многу повеќе вакви случаи, како и БиХ, која, како што вели, има 1.000 трагични случаи повеќе, а како што вели спрскиот претседател, е повеќе од двојно помала од Србија.

Фото: Унсплаш

„Хрватска, која е 1,8 пати помала, има повеќе лица кои го изгубиле животот. Црна Гора има 480, тоа е како ние да имаме 4800, а не 1,500 случаи. Бугарија, Унгарија, Романија исто така имаат повеќе, само никој нема да им го каже на луѓето сето тоа. Ова е сериозна болест и нашиот систем се бори против тоа”, рече Вучиќ, пренесува РТС.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Нов апел од Филипче до граѓаните

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита. Тоа го апелира и министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој на својот Фејсбук профил напиша:

Пред нас следи период на слави во кој мора да се однесуваме максимално одговорно. Мерките за забрана на групирање и домашни прослави мора да се почитуваат доследно. Домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да ја влошиме епидемиолошката состојба, да не дозволиме повотрно тоа да се случи. Има време за прослави, има време за дружење.

Фото: Фејсбук/ Венко Филипче

Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени на почетокот од месец ноември.

Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.

Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close