Кафе муабет

Шoк исповед на една од најубавите жени во светот: Се борев со тешка болecт и криев од сите!

Иако зад себе има армија обожаватели и може да си дозволи се што ќе посака, работите не биле отсекогаш така идеални...

Никол Шерцингер важи за една од најубавите жени во светот, но иако се чини дека стана славна преку ноќ, дека природата и дала буквално се- убавина на која би и подзавидела секоја жена, извајано тело, темен тен, сепак пејачката сега јавно реши да проговори за пеколот низ кој минувала и тоа токму поради славата и убавината.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

Никол воопшто немала лесен животен пат, а откри детали за болеста поради која не можела да напредува во кариерата.

Сите ја знаеме како поранешна фронтменка на бендот „Pussycat dolls“ а денеска гордо ја носи титулата на една од најатрактивните пејачки во Холивуд, а иако зад себе има армија обожаватели и може да си дозволи се што ќе посака, работите не биле отсекогаш така идеални.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

Никол мораше да прибегнува кон повеќе од екстремни методи за да заработи пари за образование, со оглед на тоа што нејзините родители не можеа да и дозволат се што сакаше.

Додека студирала, вели таа, работела разни работи. Продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан и што е најчудно од се, дарувала крв за да земе пари.

Пејачката сега проговори за најлошиот и најмрачниот период од нејзиниот живот кој и ја уништи кариерата.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

Многумина не знаеја дека пејачката кога беше на врвот на кариерата, додека беше во популарната женска група „Пусикет долс“ во која беше главен вокал, се бореше со злобната болест – булимија, предизвикана од нарушување во исхраната.

Никол решила да го сокрие проблемот од останатите членови на групата, што довело до се повеќе несогласувања меѓу девојките и на крајот резултираше со распад.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

Пејачката за еден британски магазин изјави дека тоа бил најлошиот период во нејзиниот живот и дека нејзината кариера е уништена.

Дополнително, Никол истакна дека сочувствува со луѓето кои се борат со внатрешните демони, кои многу брзо влегуваат во вашите мисли и ја добиваат целата моќ над вашиот живот.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер
Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

„Булимијата толку многу влијаеше на мојот живот што го изгубив гласот и не можев да пеам, а сето тоа се случи во моментот кога градев кариера во Пусикет Долс. Еднаш дури и менаџерот ме најде на подот во безсознание“, раскажува таа.

Фото Инстаграм/Никол Шерцингер

„Денес многу повеќе го прифаќам своето тело. Отсекогаш сум била многу критична кон себе, а на 14 години почнав да трчам. Во средината на ноќта излегував од дома и трчав бидејќи бев убедена дека морам да бидам послаба. Се чувствував целосно заробена и булимијата ми ја украде сета среќа, самодоверба и спомени“, рекла Никол.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close