Кафе муабет
Што се случува со ќерката на Харис Џиновиќ? Сите се молат за Џина- младата инфлуенсерка заврши во болница
Филерите тргнаа наопаку...
Ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ, Џина Џиновиќ не размислувала многу кога се впуштила во светот на познатите.
И покрај зборовите на мајка ѝ дека ќе и здосади да го дели својот интимен живот со милиони, наследничката на пејачот била упорна во намерата да стане јавна личност и прво отворила свој профил на „Инстаграм“, а потоа и Тик-Ток каде што била многу поактивна во последно време.
Врз основа на објавите и фотографиите кои таа ги објавуваше во текот на последните две години, често само во костим за капење, од базенот на семејната куќа во Белград, можеше да се забележи дека наследничката на Харис, имала естетски зафати.
Имено таа имала голем проблем со килограмите, но и со лицето поради мозолчињата кои ја мачеле во тинејџерските денови.
Нејзините усни беа потенки, носот различен, а градите изгледаа помали.
Дека правела корекции доказ се последните информации дека Џина Џиновиќ завршила во болница, а за се е виновна една од споменатите интервенции.
Имено, ќерката на Мелина и Харис Џиновиќ си поставила филери а бидејќи не одело се како што замислила, морала да се подложи на корекција.
Џина Џиновиќ заврши во болница бидејќи филерите почнаа да и се движат по лицето, што не е редок случај. Девојките со ваков проблем се должни да се пријават кај хирург со цел навреме да се реши проблемот и да се спречат понатамошни компликации кои сериозно можат да ја загрозат нивната убавина и здравје.
Откако Џина Џиновиќ заврши во болница, а потоа сподели се со следбениците на „Инстаграм“ со коментар:
„Го топев тоа што ми мигрираше“, сите беа загрижени, а многумина се прашуваа како Харис, традиционалист во секоја смисла, се справува со ваквите одлуки на неговата ќерка, кои таа без двоумење ги објавува во јавноста.
Инаку наследничката на Мелина и Харис, Џина Џиновиќ иако има само 18 години, е една од најследените и највлијателните млади инфлуенсерки на Инстаграм.
Таа е вистинска ѕвезда на TikTok, а нејзините видеа имаат милиони прегледи.
Очигледно е дека Џина ја наследила убавината од својата мајка, дизајнерката Мелина и добива бројни комплименти за својот изглед.