Кафе муабет
Што се случува меѓу Емина и Мустафа? Ова многу ги израдува нивните фанови!
Пејачката реши да стави крај на расправиите со поранешниот сопруг...
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал решија да ја започнат 2022 година со помирување, и повторно да комуницираат нормално за заедно да учествуваат во воспитувањето на нивните синови Јаман и Јавуз.
Како што објавија медиумите наводно сега пејачката и нејзиниот поранешен сопруг се помириле и ги обновиле пријателските односи, а меѓу нив, како што истакна пејачката, останува само уште еден судски спор кој ќе го решат нивните адвокати.
Иако со месеци им се суди, Емина и Мустафа решија да се помират поради синовите Јавуз и Јаман за да го олеснат воспитувањето.
– Јас и Мустафа сега имаме контакт како родители на две момчиња. Се трудиме да ги едуцираме и воспитуваме на најдобар можен начин. Секој си има свој живот и никој никому не му се меша. Има еден спор кој треба да заврши, го оставивме на адвокатите. Веќе не зборуваме за тоа – истакнала Емина за „Супер ТВ“, пренесува Wanted.
Сумирајќи ја претходната година, пејачката откри дека целосно се свртела кон семејството:
-Пред се, морам да кажам дека сум најзадоволната жена на светот бидејќи имам два сина, здрави сме, имам можност денеска да зборувам за се што направивме во изминатите 365 дена. Мислам дека 2021 не беше лесна за никого, а последиците од глобалниот стрес што го имавме во 2020 и 2021 година ќе ги почувствуваме во наредниот период. Добро беше што научивме повеќе да бидеме со семејството и вистинските вредности, рече Емина.
Освен тоа, веќе подолго време се шпекулира за емотивниот статус на Емина, а пејачката негираше и дека се смирила со турскиот милионер Садетин Саран и објасни дека не сака нова врска, туку се сврте кон семејството и музиката.
Неодамна Емина Јаховиќ откри дека разводот и прекинатата врска со бившиот сопруг оставиле последици врз однесувањето на нивниот постар син Јаман кој моментално минува низ пубертет.
– Јаман има тринаесет години, а Јавуз девет, се уште не е во пубертет. Мислам дека ако имав близнаци кои имаат тринаесет години, целосно биполудела. Но, кога ги гледам моите деца, тие се многу добри, бидејќи јас сум строг родител и перфекционист. Знам како пораснав, добри се на училиште, ги почитуваат постарите, сакаат животни, но мислам дека оваа година ќе помине. Јаман моментално е во оние години кога одбива се и едноставно што и да му кажат тој знае подобро. Нема шанси да му не го направи тоа што го сака, тоа е негова манипулација што ја прави од самото раѓање. Едноставно е, на крајот секогаш го добива она што го сака. Се трудам да бидам силен. Тој е дете на разведени родители и тоа не ми оди секогаш добро, понекогаш ја користи ситуацијата дека немаме добра комуникација за да прави како што сака – искрена е таа.
Синот на Емина Јаховиќ често ги користи нерешените односи на неговите родители за да го добие она што го сака. Сепак, Емина вели дека ја надминала врската и конфликтот со Мустафа.
– Мустафа е некој кој е мој поранешен сопруг и татко на моите деца. Јас така гледам. Секогаш ќе морам да бидам во некаква комуникација со него и така ќе остане. Сето тоа го надминав, само сакам моите деца да бидат добро. Ќе направам се за да им го олеснам пубертетот и животот во секоја смисла на зборот – вели таа во искреното интервју за „Блиц“.