Кафе муабет

Шок трансформација на Дарко Лазиќ: Сите зборуваат за оваа промена на пејачот

Целосно го промени имиџот...

Фолкерот Дарко Лазиќ долго време се бореше со вишокот килограми, кои во еден момент му направија и голем проблем.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

По операцијата на желудникот, тој стана сосема друга личност и се посвети на теретаната и здравиот начин на живот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Сепак, многумина мислат дека претерал со тренинзите и дека сега е преслаб.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко ужива во врската со Катарина со која редовно посетува теретана, а нивните заеднички тренинзи очигледно влијаеле на неговиот изглед.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Имено, многумина коментираат дека пејачот се „исушил“, што најмногу се гледа на лицето и нозете на Лазиќ, а покрај тоа ја сменил фризурата, односно ја пушти косата и со овој нов имиџ изненади многумина.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Дарко и Катарина објавија фотографија на социјалната мрежа Инстаграм и се пофалија со својата фигура, но многумина се загрижија дека пејачот претерал и сега е преслаб.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

На реакциите за неговиот нов изглед не им се гледаше крајот, а социјалните мрежи беа преполни со коментари.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку неодамна Лазиќ се најде во центарот на вниманието кога се проширија гласини дека тајно се оженил со неговата партнерка Катарина.

фото принтскрин

Пејачот неколку дена молчеше по оваа вест, а неодамна конечно проговори и откри дека нема ништо од тоа. Тој откри и дека живее со својата избраничка и дека моментално таа го издржува.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Каква црна тајна свадба? Кога ќе се оженам, од Војводина до Пирот. Ќе направам прослава која ќе трае три дена, со 1.000 гости. Ќе се пече прасе, ќе се пие домашна ракија… Ќе организирам голема свадба. Дај боже, следната година да се венчаме. Едвај чекам, бидејќи никогаш не сум бил посреќна. Конечно, до мене имам личност која ја сакам безусловно и која ме сака – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам на грбот на мојата девојка Ката! Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот – изјави Лазиќ.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Фолкерот призна дека нема проблем со тоа што се вселил во станот на фитнес инструкторката и што таа го издржува, бидејќи се познаваат 14 години.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Живеам кај Ката во Нови Сад. Таа ги плаќа сите сметки, а јас само го полнам фрижидерот! Таа е и мој личен шофер, бидејќи немам дозвола и не можам да возам. Секирата ми падна во мед. Убаво е, за промена, да се живее на туѓ грб. Многу поранешни само ми земаа. Сега да видам и јас како е. Знам дека не ми веруваат, но навистина немам пари за недвижен имот. Сè уште собирам пари за да купам стан во Нови Сад. Ката е поврзана со тој град, па таму ќе се вдомиме – откри неодамна фолкерот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close