Кафе муабет
ШОК! Дарко Лазиќ сподели фотографија од свадбата- нема да верувате која е невестата!
Се смирија...
Марина Гагиќ и Дарко Лазиќ ја раскинаа свршувачката, по што пејачот стапи во врска со Барбара Бобак за која зборуваше дека е жена на својот живот.
Меѓутоа, бидејќи Барбара и Дарко ја раскинаа свршувачката и не се зборува за помирување, Лазиќ изгледа сака да се врати кај својата поранешна свршеница Марина.
Тој дури објави и видео на кое се гледа внатрешноста на комбе со врамена фотографија од Марина и него од свадбата.
Како што е познато двајцата никогаш не биле во брак, а фотографијата е направена за време на фотосесија за списание.
Оваа фотографија насмеа многу луѓе, особено Дарко. Сепак, на Марина не и беше смешно, па не стави ниту лајк а не го ни следи поранешниот на социјалните мрежи.
Дали Дарко се обидува да се смири со Марина или се работи за нешто друго ќе дознаеме со тек на време.
Сепак медиумите на големо пишуваат дека двајцата веќе се смириле благодарение на заедничкиот син Алексеј:
– Дарко повторно се обидува да се смири, и да биде со семејството. Колку и да беа кажани грди зборови меѓу него и Марина, и двајцата се свесни дека тоа беше во гнев, но дека емоциите сепак постојат.
Дарко особено се трогна кога Алексеј на роденден почна да го прашува зошто веќе не живеат сите заедно, кога ќе дојде и рече дека и на мама и недостасува. Ова навистина го изненади Лазиќ – вели изворот и додава:
– Марина знае да се инаети, но таа е добра личност. Таа ги криеше емоциите, па Дарко мислеше дека таа се изладила од него, но кога почнаа малку по малку да се слушаат и се почесто да се гледаат, љубовта повторно се разгоре. Тие ја продолжија врската спонтано, како за доброто на детето кое рече дека сака мама и тато повторно да се сакаат. Но, ако немаше љубов, никој не можеше да ги помири. Засега не зборуваат за тоа, сакаат што подолго да го задржат за себе, па ќе видиме колку ќе бидат успешни во тоа – вели добро упатен извор.