Новости

ШОКАНТНО ИСТРАЖУВАЊЕ: Оваа група жени имаат најголем ризик за постковид синдром- тешки и трајни последици и по пет месеци по заболувањето!

Жените се поподлежни на долгорочни симптоми на ковид за разлиак од мажите...

Последните истражувања на Ројтерс покажаа дека жените во 40-тите и 50-тите години се повеќе изложени на ризик од долгорочни проблеми откако страдале од Ковид-19, со низа симптоми кои можат да траат неколку месеци, како што се замор, отежнато дишење и депресија.

фото илустрација

Оваа студија, во која учествувале 327 пациенти, открива дека жените под 50-годишна возраст имаат двапати поголема веројатност да појават замор, а седум пати поголема веројатност да појават отежнато дишење и проблеми со меморијата, подвижноста и комуникацијата.

Едно истражување открило дека дури и по пет месеци од напуштањето на болницата, пациентите кои успеале да го победат ковидот, (средовечни бели жени) со други здравствени проблеми како што се дијабетес, белодробни или срцеви заболувања, имаат поголема веројатност да појават долгорочни симптоми на коронавирус.

фото илустрација

„Нашето истражување покажа дека оние со најтешки долгорочни симптоми се обично бели жени на возраст од 40 до 60 години кои имаат најмалку две истовремени заболувања“, рече Крис Брајтлинг, професор по респираторна медицина на Универзитетот во Лестер, кој е коавтор на студиите. 

Друга студија предводена од Меѓународниот конзорциум за сериозни акутни респираторни и нови инфекции покажа дека жените под 50-годишна возраст имаат поголема веројатност да појават долгорочни симптоми отколку мажите и постарите учесници во студијата, дури и ако немале претходни здравствени проблеми.

фото илустрација

“Станува сè појасно дека Ковид-19 остава длабоки последици врз оние кои го прележале. Откривме дека помладите жени имаат поголема веројатност да имаат полош долгорочен исход”, изјави коавторот на студијата Том Дрејк, соработник за истражување во универзитетот во Единбург.

Второто истражување спроведено од истиот тим, анализирало 1.077 пациенти мажи и жени кои биле отпуштени од британските болници во периодот помеѓу март и ноември 2020 година откако биле подложени на Ковид-19.

фото илустрација

Повеќето пациенти пријавиле повеќекратни постојани симптоми дури и по 5 месеци, а најчести биле болки во мускулите и зглобовите, замор и слабост, отежнато дишење и мозочна магла.

Повеќе од една четвртина имаа како што лекарите ги нарекуваат „клинички значајни симптоми на анксиозност и депресија“ по пет месеци, а 12 проценти имаа симптоми на посттрауматско стресно нарушување.

Луиза Вејн, специјалист за респираторни заболувања на Универзитетот во Лестер, вели дека разликите во машки и женски имунолошки одговори „може да објаснат зошто постковидниот синдром се чини дека е почест кај жените“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close