Кафе муабет

Шокантна исповед на натпреварувачка на „Ѕвездите на Гранд“ која ја освои публиката: Открива зошто сè уште има МАШКО ИМЕ- ова ќе ве расплаче

Не го менува името во чест на својата мајка...

Алина Јухарт од Марибор се појави на сцената на овогодинешното натпреварување на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и привлече големо внимание во јавноста.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Трансродовата 29-годишна кандидатка презентираше бројни интересни детали за себе, нејзиното растење, моментот кога открила дека всушност се чувствува како девојка но и објасни зошто нејзиното име на социјалните мрежи е напишано во машки род.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Точно е дека се викам Алино на Фејсбук и Инстаграм, но иако тоа име е машко, сепак го гледам како унисекс. Покрај тоа, јас го добив името по мајка ми, која поч-ина кога имав пет години. Не го менувам името поради мајка ми – откри Алина во емисијата Милизам.

– Растејќи многу ми недостигаше мајка ми бидејќи мајките секогаш знаат и забележуваат дека нивното дете е поинакво. Бидејќи таа не беше тука, се борев сам и научив многу работи за себе.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Медиумите пишуваат за Алина како трансродова личност, но таа наведува дека таквите одредници не и се важни, дека е вистинска жена а така и живее а истакнува дека нејзината мисија е да шири љубов и дека за неа сите луѓе на овој свет се еднакви.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Никогаш не сум имал проблеми поради тоа што сум. Уште во основно училиште имав разбирање за секого и за се, па ни поддршката никогаш не ми недостасуваше – признава Алина и нагласува дека не размислува за операции на своето тело.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Никогаш не вели никогаш, но засега не размислувам за промена на полот. Го сакам моето тело такво какво што е и се ми е природно. Ми требаше време да се прифатам себеси и моето тело. Порано носев фустани само низ дома, а потоа пред четири години за прв пат излегов со фустан во јавност. Тоа беше во Сплит и се чувствував одлично. Инаку, никогаш не носам панталони или фармерки. Најмногу сакам фустани и во нив се чувствувам најдобро, ги носам и кога возам кола.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Алина за себе вели дека има страв кога се во прашање јавните настапи, но изненадена е и од медиумското внимание кое го доби преку ноќ.

фото инстаграм/Алина Јухарт

– Не сум задоволен од моето пеење во првата емисија, свесен сум дека публиката и жирито беа заведени од мојата животна приказна, но ќе се обидам да пеам подобро. Инаку, изненаден сум од интересот на новинарите за мене и морам да признаам дека Ало.рс најпрво пишуваше за мене и дека моите дознаа дека сум во „Гранд“ поради нив – изјави на крајот Алина.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Алина неодамна во големата исповед за „Гранд онлајн“ проговорила за тоа колку и било тешко да се носи со тоа што е поинаква но и зошто никогаш не се откажала од себе.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Дури понекогаш заборавам дека сум поинаква, толку ја доживувам и живеам својата женственост што понекогаш заборавам“, вели таа.

фото инстаграм/Алина Јухарт

Борбата со себе траеше долго, а процесот на прифаќање не беше лесен. Алина се прифати само кога стана жена, како што отсекогаш се чувствувала. Таа се уште се сеќава на првото чувство кога се запознала себеси и признава дека не било лесно да им признае на оние околу неа дека всушност се чувствува како жена.

фото инстаграм/Алина Јухарт

„Мислам дека тоа беше кога бев мало девојче, но тоа е процес, па дури и до ден денес се сомневам во себе. Знаете, тоа не е лесен живот. Понекогаш кога одам по улица, луѓето ме гледаат, а потоа ќе слушнат машки глас, а јас морам да им објаснам зошто е тоа така. Ништо не ми е тешко, но пред се сакам да покажам дека сум нормална жена која сака да се бакнува, гушка, сака и да го живее животот во потполност“, изјави таа за „Гранд онлајн“.

фото инстаграм/Алина Јухарт

На учесничката на „Ѕвездите на Гранд“ не и било лесно кога на семејството му го соопштила својот родов идентитет.

фото инстаграм/Алина Јухарт

-Мајка ми почина кога имав пет години. Останав со брат ми и татко ми. Тие се алфа мажјаци, вистински мажи и се шокираа кога им кажав. Секако, прифатија, бидејќи многу ме сакаат – изјавила Алина.

фото принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close