Кафе муабет

ШЕХЕРЕЗАД ГО ОТКРИ ИМЕТО НА БЕБЕТО: Актерката изгледа неверојатно во третата бременост!

Актерската двојка чека девојче, кое ќе ја „зацврсти“ женската страна на семејството, со оглед дека веќе имаат два сина...

Актерката Бергузар Корел ситно брои до породувањето и едвај чека да стане мајка по трет пат.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Актерската двојка чека девојче, кое ќе ја „зацврсти“ женската страна на семејството, со оглед дека веќе имаат два сина.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Од кога стана познато дека популарните Онур и Шехерезад повторно ќе станат родители, овој пат на девојче, јавноста со нетрпение очекуваше да го слушне нејзиното име.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

„Утринско кафе со Лејла“, напиша бремената Бергузар во друштво на нејзиниот сопруг и на тој начин открила дека бебето ќе добие убаво име.

Интересно е што актерката истото име го сподели и за време на својата втора бременост, но тогаш со ултразвук се покажа дека таа ќе роди момче. Актерката го задржа името со надеж дека еден ден ќе биде горда мајка на преслатката Лејла и сега неколку години подоцна, нејзиниот сон станува реалност.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

За потсетување актерката Бергузар Корел во нашите простори е позната како Шехерезад од мега популарната турска серија „1001 ноќ“ во март минатата година го доби второ дете со актерот Халит Ергенч кого го паметиме по улогата на Сулејман.

Но и покрај тоа медиумите постојано пишуваа дека парот не се согласува баш најдобро и често им предвидуваа развод.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

– Не се согласуваат околу многу работи. Најлошо е што Халие не сакаше друго дете зошто се смета за премногу стар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала бремена, бил пресреќен, но откако се породила, целосно му се посветила на детето и тој се нашол запоставено и заборавено. Одлучиле да се разијдат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат, рече извор близок до двојката. Наводно 50-годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и важи за една од најголемите актерски надежи во Турција.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Но сепак изгледа сето ова се само чаршиски моабети бидејќи убавата Бергузар Корел, пред извесно време на Инстаграм објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Актерката ја дознала среќната вест уште на почетокот на снимањето на новиот телевизиски проект, кој го откажа, за да може да се посвети на грижата за себе и одржувањето на бременоста.

– Не сум на малите екрани три години, но за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена.

ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм
ФОТО: Бергузар Корел / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close