Кафе муабет
ШЕСТ ГОДИНИ БЕЗ ТЕБЕ, БЕЗ ТВОИТЕ ЗБОРОВИ: „Пиле мое ако имаш едно подели’’ – синот на ЕСМА РЕЏЕПОВА емотивно се присети на мајка си
Почивај во мир мајко моја, знам дека си во рајот...
Сите ја препознаваа како кралица на ромската музика. Два пати беше номинирана за Нобелова награда, а целиот свој живот го посвети на семејството и фамилијата. Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Хуманистка, активист за човекови права, уметник и жена борец.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Да беше жива Есма денес ќе имаше 79 години.
Есма Реџепова е родена во Скопје на 08 август 1943 година, во семејство со шест деца.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
На само деветгодишна возраст заедно со својот брат била член на фолклорно друштво каде научила да пее и игра.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
На само тринаесет години, во 1956, поканета е да пее на школски натпревар за талент организиран од Радио Скопје. Овој натпревар е клучен за нејзиниот живот, затоа што победува. Интересно е и тоа што на истиот натпревар бил и Стево Теодосиевски, познат хармоникаш и шеф на оркестарот. Тој побарал од родителите на Есма да им се придружи и да настапува на турнејата.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Полека со тек на време од нивното големо пријателство се роди и голема љубов, па Реџепова ќе се омажи за Стево, кој од неа беше постар 22 години.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Во 1976 година Есма во Гандинагар, Индија, беше прогласена за кралица на ромската музика.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Реџепова двапати беше номинирана за Нобелова награда за мир, а и покрај тоа што никогаш не родила свои деца, посвоила и одгледала 48. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“, а таа важеше за мајка со најмногу деца во Македонија која зад себе остави повеќе од 100 внуци и правнуци.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
По нејзината смрт беше отворен и тестамент во кој јасно стои дека целиот свој имот го остава на Македонија.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Нејзината љубов кон Македонија беше голема.
Секаде во светот, по сите интервјуа нескромно пејачката го признаваше тоа.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Музејот и Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“ во Скопје има 750 квадратни метри и двор околу 1.300 квадрати.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Симеон Атанасов, еден од посвоените синови на Есма и Стево со емотивна објава се потсети на големината и споменот на неговата мајка.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
,,Шест години без тебе, без твооите зборови: мило, пиле, ако имаш две едно подели…
Како што вели твојата песна “Горе во рајот” , јас знам дека си таму, затоа што тоа е вистинското место за мајка како тебе.
Почивај во мир мајко моја’’, напиша Симеон на Фејсбук
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Кралицата на ромската музика почина на 11 декември, 2016-тата година, по кратко боледување.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Позади себе остави плодна 55-годишна кариера и вечен спомен на еден голем и хуман човек!
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Реџепова објави повеќе од 600 песни снимени на грамофонски плочи и касети.
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Одржа повеќе од 50 000 концерти.
Таа пееше на македонски, на ромски, турски, грчки јазик…
Фото:Фејсбук/Симеон Атанасов
Нека и’ е вечен споменот на големата Есма Реџепова!