Кафе муабет
Чекаат трето дете, погледнете како живеат Онур и Шехерзад – ќе се изненадите од НИВНИОТ ДОМ (ФОТО)
Сега пристигнува нивното трето дете, и изгледа дека парот никогаш не бил посреќен...
Познатата актерска двојка е една од најинтересните во Турција, и покрај многуте обожаватели, двојката живее мирен семеен живот со два сина кои очигледно го имаат главниот збор во овој дом.
Сега пристигнува нивното трето дете, и изгледа дека парот никогаш не бил посреќен.
Откако се појавија на малите екрани во 2006 година како љубовен пар во серијата „Илјада и една ноќ“, а потоа започнаа љубовна приказна и во реалниот живот, турската актерска двојка, 38-годишната Бергузар Корел и 50-годишниот Халит Ергенч, станаа еден од омиленте парови во Турција.
Она што Анџелина и Бред беа порано во Холивуд, тоа може да се каже за овие сопружници во Турција.
Тие ја крунисаа својата љубов со брак во 2009 година, а нивните синови-11-годишниот Али и 11-месечниот Хан- се круна на нивната долгогодишна љубов.
Бергузар сподели неколку видеа на Инстаграм со своите следбеници и покажа како изгледа едно типично утро во нивниот дом, а она што привлече најмногу внимание беше уредувањето на домот. Пастелните нијанси и дрвото се она што преовладува во овој ентериер и му дава чувство на топлина и удобност.
Централниот дел од дневната соба е зафатен од масивна витрина со семејни фотографии и мали предмети со прекрасни спомени, а кујната е збогатена со мал апарат за домаќинство што значи живот – кафемат.
Делот од домот што најмногу покажува како живее едно семејство со мали деца, секако е аголот со играчки.