Новости

ЦРНА ПРОГНОЗА ЗА ЕВРОПА: Ноември ќе биде најкритичен! Ќе има ли целосно затворање?

СЗО очекува раст на починати од Ковид-19 наредниот месец

Ситуацијата со коронавирусот станува алармантна, а секојдневно може да забележиме како се зголемува бројот на заразени секаде во светот.

foto https://varazdinski.net.hr/

На врвот на листата со најголем број на новозаболени се уште се Соединетите држави каде бројот на заболени последните 24 часа е 60.000. Ситуацијата е полоша во Франција, каде бројот на заболени за прв пат надмина 50.000.

foto kurir.mk

Пред извесен период Светската здравствена организација (СЗО) објави дека очекува зголемување на бројот на смртни случаи од ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември и дека овие месеци, што се однесува до епидемијата, ќе бидат „многу тешки“. Бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, а на прво место е Франција, која во неделата имаше рекордни 52.010 случаи на коронавирус.

Веќе сме сведоци на нови мерки кои ги воведоа повеќето земи, плашејчи се од она што го прогнозираат Европските лидери:  мрачна претстојна зима во сенка на големо зголемување на бројот на заболени од ковид-19.

Иако бројот на заболени секојдневно расте, и ситуацијата станува загрижувачка, сепак Владите ги прават сите напори за да избегнат целосно „затворање“- карантин. Ова беше една од најстрогите мерки воведена од повеќето влади во светот, која можеби се покажа како најделотворна, но не и за економијата.

Пред нас е многу тежок период- рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Во Германија, во понеделникот беа регистрирани 8.658 новоинфицирани лица, но во саботата беше постигнат рекорд со 14.714 новоинфицирани лица за 24 часа.

Некои политичари, како што е Карл Лаутербах (СПД), се залагаат за „многу кратко, временски ограничено, делумно заклучување“ затоа што сега е последниот момент да се направи нешто за бројот на новоинфицирани да не стане уште поголем.

Шпанија вчера прогласи вонредна состојба со цел да овозможи ноќна забрана, а владата најавува дека вонредната состојба може да трае до мај наредната година. Забрането е и ноќно движење во 54 оддели на Франција, што опфаќа околу две третини од населението, или околу 46 милиони луѓе.

Нови мерки и во Италија

Италија, земјата која беше најтешко погодена од кризата со корона вирусот во март, сега повторно воведува мерки за заштита.

Италијанските власти во неделата издадоа одредба со која се предвидува сите кафулиња и ресторани да бидат затворени до 18 часот, а спортските сали, кината и јавните базени да бидат целосно затворени, во обид да се спречи нов бран на коронавирусот во земјата.

 

Македонија пред карантин?

Бројот на заболени во нашата земја бележи пораст, но расте и бројот на смр тни случаи.

Во последните 24 часа од  направени 737 тестирања,регистрирани се 247 нови случаи на ковид-19, почи наа 15 лица, додека Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти.

На 25 октомври Македонија достигна рекорд на почин ати кога  22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19.

Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени. Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита, потенцираше министерот за здравство  Венко Филипче.

На почетокот на месецов Филипче посочи дека доколку не се почитуваат мерките за заштита, и продолжи трендот на зголемување на бројот на заболени, Македонија ја очекува целосен карантин.

Верувам дека овој пакет на рестриктивни мерки кои се практично клучна алка ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, или целосно затварање. Ние сме сега далеку од тоа сценарио, но тоа ќе биде следниот чекор. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат, на тој начин ќе го избегнеме карантинот, рече денеска Филипчe.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close