Кафе муабет
Цеца уште еднаш покажа дека е супер баба- еве како ужива во Кипар со своето внуче!
Гордата баба истакна дека многу и недостасува нејзиниот внук Жељко па сега сподели дека конечно и тој е заедно со неа...
Бидејќи летните горештини започнаа, фолк ѕвездата реши да се одмара во нејзината вила во Кипар. Таа слободните денови ги користи за максимално релаксирање, пред да започне со веќе закажаните настани.
Како што претходно изјави таа заминала во нејзината вила со сестра си Лидија, и рече дека со нетрпение чека да и се придружат останатите членови од семејството.
Гордата баба истакна дека многу и недостасува нејзиниот внук Жељко па сега сподели дека конечно и тој е заедно со неа.
– Ми недостасува Жељко, но со нетрпение чекам да бидеме заедно бидејќи овие денови треба да ми се придружат. Ви испраќам топли поздрави од Кипар! – рече Цеца за споменатиот медиум.
Цеца на својот Инстаграм објави видео на кое се гледа како игра со малиот Жељко во базенот, а малото момче среќно игра топка со својата баба и ужива во секој момент.
Секако, Цеца се погрижи и да го заштити од сонцето, па малиот имаше симпатична капа на главата.
Еве како изгледаа:
За потсетување, Цеца традиционално го поминува јуни во својата вила на Кипар.
Станува збор за вистинска оаза од 400 метри квадратни која што таа ја купи на кредит во 2006 година.
Многумина забележаа дека пејачката летува без своето момче Богдан Срејовиќ, со кого започна љубовна врска во јануари годинава.
– Уживам и одлично се забавувам. Јас ги полнам батериите за настапите што ме чекаат – изјави Цеца за Ало.