Дом и семејство
Цеца пресече, Анастасија мора да се венча: “Важно е да стапат во брак, и да застанат пред матичар”!
Мама Цеца е пресреќна...
Наследничката на Цеца, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ го очекуваат своето прво дете.
Имено пејачката би требало да се породи во средината на септември а како што пренесоа тамошните медиуми парот очекува девојче.
Нејзината мајка, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, признала дека е воодушевена од избраникот на својата миленичка.
Анастасија Ражнатовиќ е бремена во петтиот месец, а моментално престојува во Шпанија каде живее нејзиното момче Немања Гудељ.
Пред врската со фудбалерот, наследничката на Цеца се обидуваше да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста, па многумина беа изненадени што таа и Немања споделија заеднички моменти и не ја криеја љубовта од првиот момент.
Анастасија и Гудељ неодамна прославија годишнина од нивната врска, а колку се сериозни нивните емоции говори и фактот што ги запознале и нивните семејства, и дека двете страни одлично се сложуваат.
Цеца дури во неколку наврати потенцираше дека многу и се допаѓа нејзиниот иден зет и дека го поддржува изборот на Анастасија.
-Ќе излажам ако кажам дека не ми е тешко да биде во друга земја. Ми недостасува! Но, се е простено затоа што избрала одлична дестинација, а најмногу ми се допаѓа момчето кое го запознала. Немања е одлично момче! Тие се многу среќни, уживаат во љубовта. Целото наше семејство ги поддржува. Им посакуваме се најдобро – изјави неодамна Цеца и додаде дека еден ден би сакала да ја види ќерка си во среќен брак:
– Знам дека на многу луѓе денес не им е важна хартијата, но мислам дека е важно да се биде во брак, за брачните другари и нивните деца да имаат исто презиме. Тоа, меѓу другото, прави едно семејство. Подобро е да си во брак поради децата. Но, секој има право на свој избор, рекла Цеца.
На почетокот Анастасија имала мачнини а тоа и го кажа во телефонски разговор на нејзината мајка. Сега таа изгледа свежо и одморено а сподели и фотографија од својот кревет како позира со својот миленик, белата мачка.
Анастасија позираше без шминка и го покажа природниот изглед, но и дека ужива во удобноста на домот во кој живее со своето момче Немања Гудељ.