Кафе муабет
Цеца откри детали за врската со Богдан и со својот искрен одговор ја „шокираше“ јавноста
Јас веќе го сторив тоа во минатиот век, се омажив, во овој век ќе бидам девојче...
Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, по долгата пауза предизвикана од коронавирусот, ја продолжи својата концертна турнеја и се врати во „Top Hill“ на Будва, кој го наполни до последното место, направи атмосфера за паметење и повторно ги сруши сопствените рекорди.
Во интервјуто за емисијата „Ексклузив“, таа не го криеше својот ентузијазам за атмосферата од концертот, што навистина и недостасуваше.
– Ситуацијата е позната, ништо не се случуваше никаде, па ниту во Црна Гора, Србија, регионот … Запре целиот свет. Да ни кажеше некој, немаше да веруваме дека целиот свет може да застане и да бидеме затворени во нашите домови … И, фала му на Бога … – вели фолк sвездата.
Но она што им падна во очи намногумина е тоа што во Будва, популарната пејачка блескаше во гламурозна бела креација, која на многумина им личеше на венчаница, а новинарот Божо Добриша ја праша дали можеби сака повторно да стапне на лудиот камен.
-Не, не, немам намера да се мажам. Не, ова не докажува ништо, јас сакам бело. Јас веќе го сторив тоа во минатиот век, се омажив, во овој век ќе бидам девојче … Само девојче, ако го држам разумот!
Цеца објасни и дека нејзиниот емотивен партнер Богдан Срејовиќ беше оправдано отсутен и не стигна на настапот.
-Богдан е во Белград, тој има свои деловни обврски, јас ги имам моите … И за време на паузите, кога сме слободни, заедно сме. Короната не успори сите, сите мора да работиме – рече Цеца, која се осврна и на големото признание што го доби – имено, нејзиниот концерт на Ушче е рангиран во ТОП 10 најпосетувани на овие простори, кога се во прашање сите светски изведувачи .
– Википедија го извад податокот дека мојот концерт од 2013 година беше во топ 10 и можам да ви кажам дека бев изненадена, пресреќена. Тоа е сериозна награда и за мене и за мојот тим. Да се биде во топ 10 во светот е навистина фасцинантен факт.
За потсетување при крајот на минатата година фолк дивата Цеца откри дека е во љубовна врска со Богдан а подоцна тоа беше обелоденето и со фотографии кои лично таа ги сподели на својот профил на Инстаграм.
Секако нивната врска е под будното око на јавноста, па пред извесно време некои медиуми објавија дека тие повеќе не се заедно. Сето тоа произлезе од фактот дека пејачката ги избриша фотографиите со Богдан од нејзиниот профил на Инстаграм.
Пејачката веднаш го демантираше тоа на својот профил на Инстаграм, и сподели една од фотографиите каде што наведува дека на врската и дошол крајот и со големи букви напишала„ ЛАГА!
Па и покрај сите гласини може да се каже дека тие уживаат во љубов и хармоничен однос и прават романтични планови за наредните денови.
Пред извесно време извор за српските медиуми, ја коментираше разликата во годините за што јавноста ја осудуваше фолк дивата и посочи дека и покрај разликата во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи за свои години.
„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.
„Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата.
И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок“, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.