Кафе муабет
ЦЕЦА ОДИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ДА ГО ПОДДРЖИ ЗЕТОТ! Анастасија и Гудељ веќе планираат заеднички живот, а еве како таа се согласува со неговото семејство!
Цеца ужива во живо да гледа важни натпревари...
Цеца Ражнатовиќ наводно во ноември ќе замине во Катар за да му даде поддршка на момчето на Анастасија, Немања Гудељ на Светското првенство!
Фолк дивата често во живо ги следи значајните натпревари на српската репрезентација, а веројатно овојпат тоа ќе го направи со поголемо задоволство. Сега има причина плус, бидејќи во Катар ќе игра и фудбалерот на Севиља со кој нејзината наследничка е во љубовна врска.
– Анастасија и Цеца планираат патување на Мундијалот. До натпреварот остануваат уште седум месеци, а Анастасија веќе бара авионски билети и хотел, бидејќи во Катар се очекува гужва, туристи за време на Мундијалот – ја започнува приказната извор близок на парот и додава дека Анастасија и Немања веќе имаат планови за иднина а заедно се само еден месец.
-Толку многу се заљубија еден во друг што на сите ни се чини дека наскоро ќе почнат да живеат заедно. Анастасија требаше да се врати од Севиља во недела, но престојот го продолжи до среда бидејќи не можеше да се раздели од Немања. Навистина и се допаѓа и тешко и е да се одвои од него. Покрај тоа што двајцата се обожаваат пејачката го освои и семејството на Гудељ, мајката Оливера, сестрата Вања и братот Драги. Во неделата сите беа заедно на натпреварот, а пред тоа дамите направија голем шопинг во Марбела.
– Анастасија одлично се сложува со сестрата и мајката на Гудељ. Додека Немања беше во карантин, трите отпатуваа на југот на Шпанија, во Марбела, каде има ексклузивни бутици. Анастасија потрошила дури 10.000 евра на облека. Се облекувала од глава до пети, а им купила и подароци на својот брат Жељко и мајката Цеца.
Изворот истакнува дека Анастасија едвај чека нејзината мајка конечно да го запознае својот зет.
– Немања поради Анастасија двапати доаѓаше во Србија, но не се сретна со Цеца. Затоа и ветил дека повторно ќе дојде по празниците. Цеца едвај чека да го угости својот иден зет за кој слушнала се најдобро. Среќна е што нејзината сакана си најде момче од добро семејство. Затоа се согласила на предлогот на Анастасија заедно да заминат во Катар и на Немања да му дадат поддршка – заклучува изворот.
Инаку српскиот репрезентативец обожава тетовирање, а целото тело му е покриено со тетоважи. Последната тетоважа ја направи во Севиља каде моментално настапува за истоимениот клуб – три крста на грбот.
Една од првите тетоважи што ги направи во Холандија е портретот на неговиот татко, познатиот фудбалер Небојша Гудељ.
Како што еднаш изјави Немања, секоја тетоважа на неговото тело има посебно значење.
Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.
Да потсетиме, Анастасија и Немања се во врска еден месец. Младата пејачка веќе била со своето момче во Шпанија, додека фудбалерот на Севиља двапати дошол во Белград со својата девојка, но се уште не успеал да ја запознае својата идна баба Цеца Ражнатовиќ.
Гудељ не е мајстор за скандали и вљубеник во ноќниот живот, но претходно го поврзуваа со поп ѕвездата и колешка на Анастасија, а станува збор за Сања Вучиќ.
Сања Вучиќ за српски Информер истакна дека таа никогаш не била со Немања Гудељ, иако медумите пишуваа дека тие двајца наводно биле во врска шест месеци а раскинале пред еден месец.
– Знам зошто ми се јавувате и отворено ќе кажам дека нема потреба да бидам лута или разочарана бидејќи јас и Немања сме само пријатели. Многу се сакаме, го познавам целото негово семејство – изјави Сања Вучиќ, членката на „Ураган за Информер, која тврди дека Гудељ и таа се во добри односи, но сепак негира дека биле во врска.
– Не раскинавме затоа што не бевме ни во врска, но во последно време не се слушавме бидејќи и двајцата имаме многу обврски. Но, останавме во добри односи, зошто да не – продолжи Сања, тврдејќи дека Гудељ и таа се само пријатели.