Кафе муабет
Цеца за прв пат јавно проговори за преселувањето на Анастасија во Шпанија- едно нешто и забрани на ќерка си
Вели дека е рано за свадба...
Светлана Цеца Ражнатовиќ вели дека е задоволна што нејзината ќерка Анастасија си најде момче како Немања Гудељ.
Фолк дивата пред повеќе од еден месец го запозна својот зет, фудбалер на „Севиља“, а за него има само пофални зборови.
– Тој е одлично момче, како и целото негово семејство, фала богу. Најважно ми е што Анастасија е среќна и максимално ќе го почитувам секој нејзин избор и секој избор на Вељко. Нивниот приватен живот е само нивна работа и не сакам да се мешам. Ниту тие не ми се мешаа во изборите – вели пејачката и додава дека не би имала ништо против ако нејзината ќерка се пресели со Гудељ во Шпанија:
– Нека живее каде сака, што имам јас со тоа? Таа е возрасна, има 24 години, сама себе се издржува. Ниту Шпанија не е толку далеку, само неколку часа со авион од Белград.
Но сепак кога станува збор за свадба таа не ја поддржа Анастасија советувајќи ја дека е премногу млада и дека треба да посвети време на кариерата.
– Таша постојано зборува за Немања! Многу се заљуби, верува дека тој е вистинскиот маж за неа. Таа често го посетува во Шпанија и е блиска со неговата сестра, брат и мајка. Дека Немања има сериозни намери покажа со тоа што во вторникот со целото семејство отиде да ја запознае Цеца! Таа заедничка вечера на семејството Ражнатовиќ и Гудељ помина одлично! Цеца дури и заплака кога Немања на својата девојка и подари уметничка слика, на која се таа и нејзиниот покоен татко Аркан – вели добро упатен извор за „Информер“ и додава дека многумина очекувале Немања таа вечер да ја запроси Анастасија:
– Се беше толку идилично што некои беа убедени дека Немања во одреден момент ќе клекне и ќе го извади прстенот. Сепак, тоа не се случи, но слушнав дека Гудељ планира да го направи тоа наскоро, можеби за неколку дена кога ќе отпатува со Анастасија на Ибица! Тоа луксузно патување е негов подарок за Анастасија за нејзиниот 24 роденден.
Анастасија исто така очекува дека Немања наскоро ќе ја запроси и за тоа разговарала со мајка и, но наишла на студен туш!
– Не е паметно да се омажиш толку млада! Немања е прекрасен, не можам да кажам ниту еден лош збор за него, но не брзај со бракот. Треба прво да изградиш кариера, а како ќе успееш ако живееш во Шпанија?! Имај ќерко твое парче леб а бракот нема да ти избега – открива изворот што и рекла Цеца на ќерка си.
Цеца вели дека ќе оди на одмор со внукот Жељко.
– Моја желба е да патувам некаде сама. Всушност, Жељко ќе го земам со себе – вели пејачката која потврди дека летово ќе ја реновира вилата на Кипар:
– Се наоѓа покрај море, каде што има висока концентрација на сол, па мора да се поправи бидејќи има повеќе штети.
Пејачката наводно воведува новитети во својата вила на Кипар. На горниот кат од вилата ќе има помал базен, две џакузи и соба за масажа, пишува Информер.
Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно вложила многу пари за вилата која е околу 400 квадрати да пука од луксуз.
– Цеца веќе има проект за реновирање на куќата. Планира целосно да го промени, до најситниот детаљ. Ќе гради трет кат, каде што ќе гради спа центар! Ќе постави џакузи, од кое ќе има директен поглед кон морето, како и сауна. Таа побара да и се изгради посебна просторија за масажа – вели добро упатен извор.
Фолк ѕвездата наводно планира многу промени во својата летна резиденција, но засега нема да го допира базенот што го има во дворот.
– Огромен е и целото семејство може да плива во него. Вељко и Анастасија обожаваат да се капат и сончаат овде, а откако Цеца го доби внукот Жељко, најмногу се дружи со него. Сепак, бидејќи нејзиниот двор е простран, таа ќе додаде уште едно џакузи покрај базенот – заклучува изворот.
– На приземјето ќе има огромна дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да ја посетува куќата и во зима, а не само во текот на летото, како што правеше досега. Горе, секоја спална соба ќе има своја бања по реновирањето. Вилата ќе има и вграден лифт, кој ќе и помогне на Цеца полесно да се движи горе – вели изворот и додава дека Ражнатовиќ е целосно посветена на уредувањето на величествената вила:
– Цеца не сака ништо да препушти на случајност. Веќе со недели прелистува каталози и избира плочки, паркет, столарија, ексклузивен мебел… Сето тоа ќе има време да го купи до крајот на летото, бидејќи со работа ќе почнат наесен. Дотогаш ќе добие уште некои градежни дозволи кои и се потребни.
Фолк ѕвездата наводно ја ангажирала компанијата на нејзината кума и колешка Вики Миљковиќ да ја реновира вилата на Кипар.
Целиот концепт тие две го смислиле заедно, а во се им помогнала сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ.