Кафе муабет
Цеца во солзи поради Немања: Нема да верувате што и подари на Анастасија за роденден- вреди милиони а ги расплака сите присутни!
Анастасија доби портрет со нејзиниот татко...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера имаше посебна причина за славење.
Имено нејзината наследничка го прослави својот роденден а мајката не ја тргна насмевката цела вечер додека траеше прославата.
Со Цеца во ресторанот беше семејството на момчето на Анастасија, Немања Гудељ – сестрата Вања Гудељ, како и мајката на Немања. На прославата се појави и тетката на Анастасија, Лидија а Цеца откри што и посака на својата ќерка.
– Пресреќна сум, и посакав да е жива и здрава, тоа е најважно. Мислам колку време помина, додека човек се сврти, станаа луѓе – рече таа и откри како завршила средбата со „зетот“:
– Запознавањето беше одлично. Навистина не знам да ви дадам одговор на овие прашања. Немања синоќа направи еден гест и ми предизвика солзи во очите, но нема да зборувам за тоа. Не ја побара за жена. Отсекогаш сум ги почитувала џентлмените, бев во брак со еден таков– објаснила Цеца.
Инаку, на Инстаграм страната „Дијанастајл“ се појави слика што Немања Гудељ ја купи за роденденот на својата девојка, а се работи за портрет со таткото Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Братот на Анастасија, Вељко Ражнатовиќ, дошол со сопругата Богдана, а потоа се појави и Саша Поповиќ со семејството.
На роденденот присуствуваа и други членови на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ – Марија Шерифовиќ и Ѓорѓе Давид.
Немања Гудељ секако беше еден од најинтересните гости за јавноста.
Тој дојде на роденденот на својата сакана, кратко остана пред фотографите на влезот во ресторанот во кој се одржуваше веселбата и не ја симна насмевката од лицето.
За оваа прилика тој одбра скапа тренерка,во компинација со интересна капа и очила.
Дури и родителите на Цеца Ражнатовиќ, бабата и дедото на Анастасија дојдоа на прославата и разменија бакнежи со нивната внука.
Момчето на Анастасија седеше до Вељко Ражнатовиќ, а друштво цело време им правеше Анастасија.
Драги Гудељ, братот на Немања, цело време ја прегрнуваше Цеца со која се запознаа ден претходно, па дури и ги потврди зборовите на Анастасија дека сè „кликнало“ кога е во прашање средбата со семејството.
Инаку Анастасија и Немања се во врска повеќе од два месеци а како што може да се види на фотографиите повеќе и не ја кријат љубовта.
Таа објави фотографија на која разменува бакнеж со своето ново момче а според расположението може да се забележи дека е навистина среќна и заљубена.