Кафе муабет

Целиот Балкан зборува за нив, направиле свадба и гостите ги заразиле со корона!

Младенците не проверија дали гостите ги исполнуваат пропишаните услови за учество на свадбата, меѓу гостите имаше ширење на инфекција...

Иако мерките за заштита од вирусот корона се олабавија сепак протоколите за свадба имаат посебни мерки кои треба да се почитуваат.

фото илустрација

Но поради невнимание, на свадба која се одржа во Хрватска се инфицираа поголем дел од гостите.

Младенците не проверија дали гостите ги исполнуваат пропишаните услови за учество на свадбата, меѓу гостите имаше ширење на инфекција.

фото илустрација

Инфицирани 21 гости

Полицијата започна потрага по 28-годишна хрватска државјанка и 32-годишен германски државјанин. Тие во моментов се наоѓаат надвор од Хрватска, објави полициското одделение Дубровник-Неретва.

Истрагата утврдила дека тие ја организирале нивната свадбена церемонија во средината на јуни во ресторан во Метковиќ. Притоа, тие не ги следеа мерките за превенција и мерките пропишани од Главниот штаб.

фото илустрација

Бидејќи не провериле дали гостите ги исполнуваат пропишаните услови за учество на свадбата, инфекцијата се проширила кај гостите а инфицирани беа 21 гости.

За потсетување, во Загреб на почетокот на месец мај беше одржана симулација на работен прием на вакцинирани лица и со тоа се истражуваше можноста за ширењето на коронавирусот. Беше направена и експериментална свадба преку која се правеа слични анализи, пренесува 360 степени.

фото илустрација

Потпретседателот на хрватската Влада и министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ тогаш истакна дека на свадбата присуствуваа 120 гости, кои или се вакцинирани со две дози или ја прележале болеста во последните 180 дена, а ќе присуствуваат и лица со негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа.

„Седум дена по овие настани, учесниците ќе се тестираат со ПЦР-тест, а ако се покаже дека немало пренос на болеста ќе направиме план за попуштање на мерките“ рече Божиновиќ откако значително се намали бројот на заразени во Хрватска.

фото илустрација

Во Македонија олабавени мерките за заштита

Со оглед на тоа дека бројот на заболени од коронавирус во нашата земја опадна беа олабавени и рестриктивните мерки.

фото илустрација

По повеќе од една година конечно оние кои планираа и откажаа свадба, може да се радуваат бидејќи ќе го кажат судбоносното “Да”.

Заклучно од 1 јуни во нашата земја беше прифатено организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса.

фото илустрација

Како што објави порталот Фактор.мк месецов во матично има наплив на барања за венчавки. Дневно стигнувале и до 30 барања за склучување на брак.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close