Кафе муабет

Хрватската инфлуенсерка ја шокираше јавноста, откри што се случувало на јахтата на најомразените браќа: “Секој има своја омилена девојка за”…

Според неа се е шоубизнис...

Ендрју Тејт е поранешен и многу успешен кик-боксер, кој се збогатил „преку Интернет“, платфотмите Тик-Ток и Инстаграм, а познат е и по мизогинија, иако тврди дека е невистинита и дека обожава жени.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Тејт има 35 години,свој сопствен Универзитет Хастлерс а има британско и американско државјанство. По многу успешна кариера во кик боксот, тој се посвети на работата како инфлуенсер, и тоа на многу контроверзен начин. Имено, славата ја стекнал занимавајќи се со машко-женски врски, така што многу жени неговите изјави ги доживуваат како чиста мизогинија и понижување. Поради сето ова доби забрана од Твитер, но тоа не е се.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Ендру и неговиот брат Тристан, кој е негова десна рака во бизнисот, се синови на американскиот шахист Емори Тејт.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Тој и неговиот брат се обвинети дека „продавале лажни приказни за девојки“ на камера за да земат милиони долари од наивни корисници.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Тејт и стана познат на пошироката јавност откако беше исфрлен од 17-та сезона на Големиот брат, по видеото на кое камшикува девојка. После тоа се бранел дека тоа го направил „со нејзина согласност“. „Тоа беше игра“, тврдеше тој.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Исто така, се најде во центарот на вниманието со подемот на движењето MeToo и твитовите за тоа како жртвите на сексуален напад исто така сносат одредена одговорност за она што им се случило.

Тејт во 2017 година изјави дека „депресијата не е вистинска болест“, што предизвика бура од реакции кај неговите следбеници.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Сега хрватската инфлуенсерка Инес Никиќ имаше можност да престојува на јахтата со контроверзните браќа Тејт познати по мизогинија, распуштен живот и ширење на бизарни вредности.

Бидејќи браќата Тејт се многу популарни на социјалните мрежи, многумина ги интересираше како Инес поминувала време на нивната јахта, што видела таму и каков впечаток добила за нив.

фото инстаграм/Ендрју Тејт

Инаку, Инес на јахтата престојувала со својата пријателка Нера Николиќ, а според нив, со браќата стапиле во контакт работејќи на чартер јахти, пренесува Wanted.

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Имаа бесплатни штандови и им требаа девојки да снимаат промотивни видеа бидејќи работат на лансирањето на нивната нова платформа „Rumble““, вели оваа инфлуенсерка. Нејзините следбеници на Инстаграм останаа запрепастени кога ја примија веста, па следеа прашања.

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Што мислите за браќата Тејт сега после се?“, праша еден корисник на Инстаграм.

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Навистина немав многу добро мислење, како што знаете, дури и малку се плашев, но пред да пристигнеме прашавме за нив од луѓето што се домаќини. Сега можам да потврдам и гарантирам дека голем дел е чист шоубизнис и дека двајцата браќа се одлични господа. Не третираа како еднакви суштества. Тие се сосема пријатни луѓе. Се на се, пријатно изненадување!“, одговори Инес.

Таа откри и како браќата се однесувале кон другите девојки, и дека во нивно друштво секогаш имало девојка.

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Од она што го видов од прва рака, можам да кажам дека се женкари (до тој степен што сакаат секогаш да имаат повеќе од една жена покрај себе). Девојките кои веќе беа на јахтата се од Романија и со нив се однесуваа галантно како и со нас. Забележав дека и двајцата браќа имаат свој фаворит, односно девојка која секогаш седи до нив и со која најмногу комуницираат, а на крајот на краиштата секако делат и кабина (шокантно)“, напиша таа.

фото инстаграм/Инес Никиќ

Инес истакна дека таа и нејзината пријателка поминувале време со Тристан во џакузи, а разговарале и за политика.

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Браќата Тејт снимаат видеа и им требаат девојки кои изгледаат убаво. Имаме своја соба овде, наша приватност, никој не не малтретира… Ние само го живееме животот“, рече таа на Инстаграм и додаде:

фото инстаграм/Инес Никиќ

„Мислевме дека ќе ни пречат и на крајот… тие не излегуваат од соба, буквално треба да ги молите да излезат 10 минути за слики и видеа.

фото инстаграм/Инес Никиќ

Во април 2022 година, романската полиција изврши рација во домот на Тејт, под обвинение за трговија со луѓе и силување.

фото инстаграм/Инес Никиќ

На имотот на Тејт беа пронајдени Романка и Американка, а истрагата се уште е во тек.

фото инстаграм/Инес Никиќ

Тој, исто така, мисли дека жртвите на силување треба да преземат одредена одговорност за она што им се случило и признава дека сака девојчиња на 18 и 19 години бидејќи „може да им влезе во мислите“, барем според она што го кажува на интернет, пишува Гардијан.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close