Новости

ХАНКА ПАЛДУМ СКРШЕНА ОД БОЛКА: Пред еден месец бев со тебе, а денес те нема- пејачката со трогателна порака

Перо Гудељ ја изгуби битката со коронавирусот

Ханка Палдум која важи за кралица на севдалинките во регионот и е една од најпознатите пејачки на Балканот, е скршена од болка.

Имено пејачката која пред само два дена со трогателна порака го испрати нејзиниот долгогодишен пријател во вечниот дом, актерот Мустафа Надаревиќ, сега таа повторно доби тажна вест.

Имено пејачката вчера се опрости од нејзиниот близок пријател, бизнисменот Перо Гудељ, основачот на „Фис“ кој по*ина по кратко и тешко боледување.

Последните месеци се знаеше дека Гудеj е болен и се лекуваше во Австрија и Босна и Херцеговина, но дополнителни проблеми направил и коронавирусот, па Перо не успеал да ја победи битката.

Ханка кога дознала за веста била многу вознемирена а тоа може да се примети и по нејзината објава на социјалните мрежи.

Таа со трогателна порака се прости од бизнисменот велејќи дека е во неверување.

-Еве повторно тага и болка! Не остави и нашиот драг и добар Перо Гудељ!

ФОТО: PIXSELL.RS

Драг мој пријателе, помина еден месец од нашата последна средба, кога дојдов во Загреб, за да ти ја олеснам борбата со болеста, и тоа со песна. Ние заедно ја испеавме мојата и вашата омилена “Pokraj puta rodila jabuka.” Не ни помислував дека мојата желба да те видам повторно, и да ти ги пренесам честитките од Босна, од сите твои пријатели кои те сакаат, остана само голема желба.

ФОТО: PIXSELL.RS

Остана твојата хармоника, песната, има многумина на кои несебично им помагаше и кои со воздишки и солзи ќе го споменуваат името на еден ГОЛЕМ ЧОВЕК, како што беше ти Перо Гудељ.

Почивај во мир и спокој, драг мој ПРИЈАТЕЛЕ – напиша Ханка Палдум на Инстаграм.

Перо Гудељ е роден на 26 мај 1955 година во селото Горња Вечерска во Витез.

ФОТО: PIXSELL.RS

Животната приказна на Гудељ ја одбележаа многу подеми и падови, тешки моменти и големи успеси.

Роден е како шесто дете во скромно семејство на работничката класа. Во неговиот роден град, тој заврши 4 одделение од основно училиште, а од 4 до 8-мо одделение одеше осум километри до Витез, како и до Средното хемиско училиште.

ФОТО: Oslobodjenje.ba

Растејќи во сиромашно семејство, Перо уште во раното детство размислуваше како да обезбеди подобри услови за живот за себе и за своите деца.

Неговата љубов беше хармоника уште од рана возраст. Свирејќи на свадби, тој ги заработи своите први пари, според една од неговите овластени биографии.

Пред војната, тој ги вложи парите за отворање на видеотека, а нешто подоцна ја отвори првата кабелска телевизија во поранешна Југославија.

Во раните 90-ти, додека војната сè уште траеше во БиХ, Перо беше меѓу ретките кои дури и тогаш размислуваа од што и како ќе живеат по војната.

 

 

Имено, во 2015 година јавноста ја потресе веста дека Перо Гудељ сакал да изврши самоу*иство, но по три години вистината излезе на виделина и Перо јвно кажа дека всушност две лица сакале да му го одземат животот во август 2015 година.

Во шокантната исповед Перо признава дека таа вечер имал само две опции, да биде зап ален во сопствениот автомобил или да добие три куршу ми во устата.

ФОТО: USKinfo.ba

– Се наоѓам на местото на злосторството каде што се обидоа да ме у*ијат. Имав 10 секунди да размислувам, дали сакам да ме запа лат во сопствениот автомобил или да добијам три куршуми во устата, затоа што ми ставија пишт ол во уста. Решив самиот да пукам во себе откри Гудеj во 2018 година преку видео обраќање до јавноста кое го сподели на Фејсбук.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close