Бременост

Хана Хуљиќ покажа како изгледа еден месец пред породувањето, воодушеви со овој летен стајлинг

Ситно брои до породувањето...

Хана Хуљиќ е атрактивна трудница која ужива во новата улога, а сега на Инстаграм ја објави и нова фотографија на која во летен фустан со висок шлиц го истакна трудничкиот стомак.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

„Убава“, „Убава, нежна, млада трудница“, „Убава Хана“, се дел од многуте комплименти кои ги доби под фотографијата со која го најавува фестивалот загрепски класици, настан на кој во сабота на 25 јуни ќе настапи нејзиниот татко Тончи Хуљиќ.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Хана и Грашо треба да станат родители за еден месец. Како што дознава RTL Exkluziv, терминот за породување е 23 јули, а Хана ќе роди девојче, за кое го одбрале името Алба.

фото инстаграм/Петар Грашо

Познатиот пар пред неколку дена беше на отворањето на поликлиниката во Сплит каде раскажа како се чувствуваат за доаѓањето на првото дете.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

– Се чувствувам како секоја друга трудница на светот – се е во ред!“, изјави Хана Хуљиќ- Грашо за RTL Exkluziv.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

До раѓањето на девојчето има уште месец и половина, а Хана открила дека сега повеќе посветува време на читање и пребарување по интернет.

Фото нстаграм/Хана Хулиќ

– Моментално премногу пребарувам за се, што би можело ова да биде, што би можело тоа да биде. Сега можеби претерувам, но сепак сум умерена во тоа прашање, рекла Хана.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Сепак, таа не се грижи премногу, како што тоа го прави нејзиниот татко, хитмејкерот Тончи Хуљиќ.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

-Се грижи за себе и за сите нас, тој е голем хипохондрик“, изјави убавата трудница.

фото инстаграм/Доменика Жувела

Иако многу парови купуваат се со месеци пред доаѓањето на нивното прво дете, Хана и нејзиниот сопруг, пејачот Петар Грашо не се едни од тие парови.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Пејачот очекувано бил малку повоздржан околу доаѓањето на приновата, но не ја крие возбудата и радоста.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

– Сега главна тема е очекувањето на дете, среќен сум и тоа е нешто што ќе го паметам засекогаш, рече тој.

фото инстаграм/Петар Грашо

Хана истакнала дека практикува долги шетања во природа и дека внимава на исхраната.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Новиот член на семејството пристигнува на почетокот на летото а парот веќе се договорил околу името на бебето.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Како што се дознава, тие за својата наследничка го одбрале името Алба. Но она што е посебно интересно е што бившата девојка на Грашо, Данијела Мартиновиќ токму тоа име го сакала за своето дете.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Имено гостувајќи во емисијата “Ин Магазин“ 2014 година признала дека најголема желба со Петар е да се остварат како родители…

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Навистина моментално тоа е најголема желба во мојот живот. Вистински се радувам дека многу брзо ќе се радуваме.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Синот ќе се вика Тони, тоа се знае, по покојниот татко на Петар, а за девојчето имам две имиња, или Луче, затоа што тоа ми е оригинално далматинско име, и наше и на мојата покојна баба која се викаше Луче, но кога го слушнав името Алба, јас едноставно останав возбудена затоа што Алба на италијански значи зора, тоа повеќе ми значеше, убаво и необично, повторно многу блиску и поразлично – зборувала Данијела пред осум години.

фото инстаграм/Петар Грашо

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close