Кафе муабет
Хана Хулиќ го остави Грашо: Ова се првите фотографии- еве каде замина!
Тој се грижи за ќерката...
Сопругата на музичарот Петар Грашо се породи на 17 јули и на свет го донесе преслатко девојче Алба, а сега два месеци по породувањето, Хана Хуљиќ може да се пофали со совршена линија.
Имено, Хана за прв пат во јавноста откако ја доби најубавата женска улога, пред неколку дена присуствуваше на церемонијата на доделување на европските награди за филмска музика „Camille Awards“, која се одржа во Сплит.
Пејачката на настанот дојде со членовите на семејството – мајката Вјекослава, таткото Тончи и братот Иван, а бидејќи Хуљиќ ретко се појавува во јавноста, многумина беа изненадени.
Целото внимание, може да се каже дека го украде сопругата на Петар Грашо, која блесна во портокалова модна комбинација, а изгледот на Хана Хуљиќ остави многумина без здив бидејќи линијата ја доведе до совршенство.
Фустанот кој го избра одлично и прилегаше, а сите погледи беа вперени во убавата сплиќанка, додека нејзините препознатливи локни и многу дискретната шминка ја истакнаа нејзината природна убавина.
Ништо помалку елегантна не беше ниту мајката на Хана, која важи за жена со одличен вкус за мода, а за оваа прилика облече тесен црн фустан, кој го искомбинира со плик чанта и бисерен накит, додека машкиот дел од семејството беше совршено усогласен со дамите. Тончи и Иван носеа елегантни одела во потемни нијанси.
За потсетување, Тончи Хуљиќ неодамна проговори за својата внука.
Хуљиќ искрено зборуваше за своето детство, образование и музички пат што го доведоа до статус на хрватски музички хитмејкер, но најинтересен дел од интервјуто беше оној во кој прозборе за својата внука Алба.
Тој истакна дека како некој кој пред извесно време за прв пат ја добил улогата на дедо се труди да има што повеќе слободно време за да може да биде со малото девојче.
-Како дедо гледам секој слободен момент да имам време да одам таму за да видам како е се по разгалена и слатка а има само неколку месеци, рече Тончи.
Покрај тоа дека сака да го поминува времето со својата внука, Тончи откри и дека решил повеќе да не настапува во живо, односно некое време да не одржува концерти. Отсега ќе издава само студиски албуми и нови песни, но на кратко ќе се откаже од концерти.