Кафе муабет
Хана Хулиќ во друштво на својата кума за Велигден- Сопругата на Грашо вешто го крие трудничкото стомаче
Веќе е во поодмината бременост...
Хана Хуљиќ, сопругата на Петар Грашо реши Велигденскиот понеделник да го помине во друштво на својата пријателка и кума Доменика Жувела.
Доменика се пофали со фотографиите од дружењето со Хана која на фотографијата вешто го сокри трудничкиот стомак.
-Природа и (најдобро) друштво, напиша пејачката во описот на објавата.
Инаку, Доменика последниве неколку месеци е во Загреб поради шоуто „Танц со ѕвездите“, а по се изгледа кај неа за празниците дојде Хана.
Убавата русокоса беше кума на ќерката на Хуљиќ на неодамнешната венчавка со Петар Грашо. Девојките се пријателки долги години и се дружат и приватно и професионално.
Хана на почетокот на летото треба да го роди своето прво дете.
За потсетување, кума на младата пејачка Хана беше нејзината колешка и долгогодишна најдобра пријателка Доменика Жувела.
Кумата не ја криеше радоста што нејзината пријателка се мажи, а непосредно пред нејзината венчавка потврди дека едвај ја чека свадбата.
– Апсолутно сум подготвена и секако, навистина се радувам за тоа, изјави Доменика.
Таа објасни и како Хана ја избрала за кума.
-Пред некој ден само разговаравме за тоа и сфативме дека никогаш ’официјално’ не сме се договориле, но кога си толку близок со некого, а таа ми е како вистинска сестра, тогаш тоа доаѓа природно и некако се подразбира. Јас и Хана не мора да разговараме, доволно е само да се погледнеме и знам дека во тој момент и двете знаеме што мислиме“, изјави Доменика во интервју за Дневник.хр.
Закажа концерт за 2030 година
Инаку Доменика Жувела не е единствената личност во Хрватска која знае каде ќе биде за нешто помалку од осум години, поточно на 8 ноември 2030 година во 20 часот.
Бидејќи освен неа, во Загребската Арена, на нејзиниот концерт кој започнува на 08.11.2030 година во 20 часот ќе има луѓе кои веќе почнале да купуваат билети за овој спектакл.
Имено Доменика од сега го закажа концертот за кој веќе има продадено и карти.
– Искрено, не знам колку луѓе купиле билет за настанот што ќе се одржи за осум години, на мојот роденден. Но, јас не се ни замарам со тоа. Гледам позитивно и сигурна сум дека Арената ќе биде полна и дека луѓето, односно сите оние кои оптимистички гледаат на светот како мене, ќе купат билети неколку години пред да ја испеам првата песна во Арената. Верувам дека ни претстои подобра иднина и дека ќе си поминеме одлично на овој концерт.
– Минатата година почнав да им кажувам на моите пријатели и соработници како ќе настапам во Арената во 2030 година. Сите, се разбира, прво ме прашуваа дали знам која година е, но потоа толку многу ги убедив во мојата приказна, што на крајот сите беа воодушевени, исто како и јас. Самата идеја за концертот во Арена ми дојде за време на мојот концерт во Дубровник, на кој присуствуваа десетгодишни деца. Во тој момент си помислив: „А, замислете, кога ќе се сретнеме еден ден, а тие ќе бидат возрасни, па ќе ми кажат дека ме виделе пред осум години на еден мој концерт“. И тогаш почнав да размислувам за тој мој иден концерт и решив дека ќе биде одлично ако се сретнеме сите заедно во Арена, токму во петок, на 8 ноември. Па после тоа решив да ја објавам целата приказна – вели Доменика, чии соработници тогаш ја резервираа Арената.
– Во иднина, кога ќе ме прашаат тоа, ќе речам: Се гледаме во Арена! – рече Доменика.