Кафе муабет
ФОТОГРАФИЈА СТАРА ДЕЦЕНИИ: Снежана во прегратки со ќерката – еве како таа изгледа денес!
Очигледно е дека Анита ја наследи убавината од нејзината мајка...
Иако приватниот живот на Снежана Савиќ отсекогаш бил мистерија за јавноста сепак познато е дека актерката некогаш беше во брак со режисерот Драгослав Лазиќ. Од таа љубов, во 1980 година, се роди нивната ќерка Анита.
Анита Лазиќ дипломирала на Факултетот за политички науки, а сепак, како ќерка на познати родители, таа се испроба и во актерството. По неколку значајни улоги во сериите “Seljaci” и “Zvezdara” ќерката на Снежана Савиќ денес успешно се занимава со новинарство.
Анита денес е прекрасна остварена девојка, но малкумина знаат како изгледала кога била мала.
На социјалните мрежи беше објавена ретка заедничка фотографија од Снежана и Анита од периодот кога кариерата на Савиќ беше во зенитот.
Очигледно е дека Анита ја наследи убавината од нејзината мајка.
За потсетување, таткото на Анита, Драгослав е во брак со 30-години помладата актерка, Драгана Туркаљ. Со неа, на 76-годишна возраст, тој доби близнаци, ќерката Искра и синот Лазар.
Драгослав и Драгана се венчаа во Корачица, во куќата на нивниот кум, славниот актер Велимир – Бата Живојиновиќ.
Инаку и Снежна Савиќ, актерката која иако има 66 години се уште важи за една од најубавите жени на Балканот, неодамна откри дека е во врска со маж кој не се занимава со јавна професија и со кој е во нежна и стабилна врска.