Новости
ФОТОГРАФИЈА ОД БРЕНА КАКВА ШТО ЈА НЕМАТЕ ВИДЕНО: Пријовиќ покажа како бабата го чува нејзиниот внук!
Додека Брена го држи малиот Александар, пејачката Пријовиќ го храни
Откако пејачката Лепа Брена објави дека нејзиниот син Виктор и неговата девојка Сандра завиваат сарма, се огласи и познатата пејачка Александра Пријовиќ.
Имено, Александра на својот Инстаграм објави фотографија на која Брена се грижи за нејзиниот син иако таа не му е вистинска баба.
Таа на социјалните мрежи постави фотографија од моментот кога Брена го држи во скутот нејзиниот син Александар, а исто така напиша:
„Додека Брена анимира, Сандра храни.
Таа не е вистинска снаа на Брена
Многумина го познаваат Филип Живојиновиќ, најстариот син на сопругот на Лепа Брена, поранешниот тениски првак во Југославија, Боба Живојиновиќ.
Имено Филип е дете на Боба и Зорица Десница, со која поранешниот тенисер беше само верен.
Филип е во брак со познатата пејачка Александра Пријовиќ, со која го има синот Александар.
Јавноста често пати ја нарекува Пријовиќ, снаата на Лепа Брена, но тоа не е навистина така бидејќи Брена не е вистинска мајка на Филип.
Брена и Боба стапија во брак во 1991 година, а ги имаат синовите Виктор и Стефан, а пејачката го прифати и Филип како свој син, па може и да се забележи дека тие навистина се во многу добри односи.
Иако Боба е веќе три децении во брак со Лепа Брена сепак тој и Зорица и денес се во добри односи.
Филип Живојиновиќ често објавува фотографии на Инстаграм со неговата мајка, која, како што вели, е неговата најголема и безусловна љубов.
Па погледнете како изгледа вистинската свекрва на Пријовиќ.
Пријовиќ нема ниту средно образование
Пријовиќ денеска ужива во голема слава и кариера, а таа се прослави уште кога како тинејџерка кога се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа тогаш не беше полнолетна, но по шоуто почна да заработува многу пари и сите ги вложуваше во кариерата.
Таа е толку популарна што детали од нејзиниот личен живот не престануваат да ја интересираат јавноста.
Таа беше запишана во Средно техничко училиште но кога започнала да се бори за својата кариера, и да биде дел од естрадните ѕвезди, признава дека го занемарила училиштето, за на крајот и да го напушти школувањето и до сега сè уште нема завршено средно училиште.
– Веќе на 14-годишна возраст пееше на свадби и беше прашање на време кога ќе се пробие во медиумите. Кога ја предупредија дека не може да отсуствува толку многу од часовите, таа одлучи да го промени статусот во вонреден ученик. Таа имаше рок во кој требаше да го заврши училиштето до јануари 2015 година, но сè уште не го сторила. Меѓутоа, ако не заврши средно училиште, таа ќе остане само со основно образование, што е срамота во денешно време, кога постојат сите можни услови за школување, а децата масовно завршуваат факултет. Се надевам дека ќе се освести и ќе се посвети на образованието, што сигурно ќе значи нешто во нејзиниот живот – открива извор близок на пејачката, за Информер.рс.
Пред две години се омажи за Филип, најстариот син на тенискиот ас Боба Живојиновиќ, со кого го има синот Александар. Иако многумина сметаат дека животот и е како бајка, и самата таа вели дека поради некои работи се кае, а најмногу што поради музиката не успеа да заврши средно училиште.
– Основно училиште завршив во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во средно училиште и завршив три години, но четвртата не. Едноставно, животот ме однесе на другата страна. Кога ти се случува нешто за што отсекогаш си мечтаел, како јас за пеењето, тогаш не гледаш на друго. Конкретно, јас не размислував за училиштето. Многу патував поради натпреварите во Белград и наставата ја оставив на страна. Не можам да кажам дека не ми е срам што не ја завршив четврта година. Се каам и секако дека сакам да го завршам училиштето“.
Во продолжение погледнете неколку фотографии кои пејачката ги споделува на социјалните мрежи…